СИНГАПУР, (Ројтерс) - Немажените девојки фрлаат портокали во река, со цел да го одбележат кинескиот Ден на вљубените, во надеж дека ќе сретнат добар маж.Под светлината на полната месечина, речиси дузина девојки фрлаа портокали од бетонскиот брег на реката во центарот на Сингапур, долу во темните ...
ЗАВРШИ НБА ОЛ- СТАР ВИКЕНДОТ Мрежичката ќе пукне - Забивање на Крис Вебер Јубилејниот 50-ти Ол стар викенд, со својата атрактивност и возбудливост можеби беше еден од најдобрите. Иако, фаворитот за победата сите го гледаа во Западната конференција, најмногу поради својата силина и височина, сепак ...
Коментар-Бранко Ѓорѓевски Голема божја промисла и мудрост ќе им треба на осумтемина архијереи на Македонската православна црква да ја донесат конечната одлука за она што им се нуди како услов за признавањето на црковната самостојност.
НАЈАВА ОД "ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО" "Паркови и зеленило", со неколкумина странски инвеститори, подготвива проект со кој водата во езерото ќе се исчисти и ќе може да се користи за капење како нов воден парк Јавното претпријатие "Паркови и зеленило", во чија надлежност е езерото Треска, најавува дека ...
ОТКАКО ГИ СОБРА СИТЕ МОЖНИ НАГРАДИ Популарната пејачка Каролина Гочева од неодамна има нов дечко. Дознавме дека се вика Гроздан, постар е од Каролина седум години и работи како менаџер на кафулето "Тутуноберачите", кафуле на популарните Миле, Цацко и Тошо од К-15.
Брисел, 13 февруари - Европската унија и Светската банка, во соработка со мировната мисија на Обединетите нации во Косово (УНМИК) се подготвуваат на 25 и 26 овој месец во Приштина да одржат донаторска конференција за помош на покраината.
На депонијата Сува Река, во Гевгелија, во петокот, попладне, било пронајдено мртво новороденче во најлонска кеса заврзана околу вртот на бебето. Мртвото тело на новороденчето било забележано од Панче Коцев кој веднаш за случајот ја известил полицијата.
Колумна - Љубомир Д. Фрчкоски Мојот внатрешен АНОНИМЕН извор ми вели дека постои сериозна опасност да ја поделиме македонската јавност по прашањето на крупната афера на прислушувањето на два големи табора: хистерици и флегматици.
Супер лига Со победата во неделата над последнопласираниот тим на табелата Кабли, со 31-24, ракометарите на Вардар Ватростална го зголемија водството во Првенството и имаат предност од пет бода во однос на второпласираниот Тутунски комбинат Бренд.
ЛОНДОН, (Ројотерс) - Случаите на аутизам во Британија драматично се зголемија во последните години, но широко распространетата загриженост за врската меѓу комбинацијата на вакцини против сипаници, заушки и рубеола е неоснована, изјавуваат лекарите.