TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2002-04-15 - 2002-04-21

Претседателски избори во Франција

А1 - 21.04.2002

Денеска започна гласањето од првиот круг од претседателските избори во Франција каде што големиот број на кандидати и малиот интерес на гласачите се заканува дека ќе им ги уништи плановите на актуелниот претседател Жак Ширак и неговиот главен противкандидат премиерот Лајонел Жоспен.

Ширак ги убедува Французите дека сигурно ќе победи

Утрински
2 поврзани вести »

Приказната за македонските духовни ризници инспиративна за работа

Дневник - 15.04.2002

СНИМЕНИ ОХРИДСКИТЕ СЦЕНИ ОД "ТАЈНАТА КНИГА" Локациите во Охрид се повеќе од податни за да се добие саканиот ефект, градот ги носи мистиката и духовноста, кои се потребни за овие сцени, вели директорот на фотографија Тјери Арбогаст Градот под Самоиловата тврдина во изминатите три дена беше големо ...

Падна првата клапа на "Тајна книга"

Вест
2 поврзани вести »

Емил Шулајковски изложува во Нирнберг

Дневник - 17.04.2002

ГЕРМАНИЈА Македонскиот сликар Емил Шулајковски вечерва отвора изложба на свои дела, во свечената хала на Собранието на германскиот град Нирнберг. Шулајковски ќе се претстави со 28 дела, работени во масло и акрилик, а од неговиот последен циклус наречен "Меѓупростор".

Емил Шулајковски изложува во Нирнберг

Вест
2 поврзани вести »

Својот патриотизам Бомбај си го наплати за 40.000 евра

Утрински - 19.04.2002

СДСМ од Тетово за обвинувањата на Томислав Стојановски-Бомбај Во врска со настапите, изјавите и соопштенијата од Томислав Стојановски-Бомбај, претседател на ДПМ, реагираше Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Тетово. "Бомбај е познат и признат политички далтонист.

Изгоре сиромашниот кварт на Бомбај

Утрински
2 поврзани вести »

Дојранско Езеро ги чека спасоносните води

Утрински - 16.04.2002

Еколошката катастрофа во Дојран и пред ЕУ ДОЈРАН - Дупчењето на бунарите кај Ѓавочко Поле, што се наоѓаат на околу 20-тина километри од Дојранско Езеро, продолжува. Наскоро ќе почне изградбата на цевководот преку кој водата од бунарите ќе се транспортира до езерото.

Почнува изградбата на цевководот за спас на Дојранско Езеро

Дневник
2 поврзани вести »

Новата црногорска влада по локалните избори

А1 - 16.04.2002

Новата црногорска влада ќе биде формирана по одржувањето на локалните избори во Црна Гора закажани за 15 мај, пишуваат подгорички „Вјести“, повикувајќи се на неофицијални извори во редовите на Демократската партија на социјалистите, Социјалдемократската партија и Либералниот сојуз.

Црна Гора со нова Влада по 15 мај

Вест
2 поврзани вести »

Никол Ферт во Велес го потврдува третото место

Вест - 16.04.2002

КОШАРКАРСКА СУПЕРЛИГА, МАЖИ Вечерва во 19 часот, во велешката сала "25 мај", ќе се одигра најинтересниот натпревар од осмото коло во машката кошаркарска Суперлига помеѓу домашниот Жито Вардар ЖИВА и Никол Ферт. Велешани по серијата порази ги загубија шансите за освојување на четвртото место и ...

Никол Ферт го израмни скорот со Куманово

Вест
2 поврзани вести »

Насилници истепале патник оти зборувал на мобилен телефон

Дневник - 18.04.2002

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОБУС НА ЈСП Група насилници-Албанци истепале момче од македонска националност бидејќи зборувал на мобилен телефон, во автобус на ЈСП што сообраќа на линијата број 2 во понеделникот напладне. Напаѓачите со тупаници и со клоци го истепале седумнаесетгодишното момче.

Го тепале зашто зборувал по мобилен

Утрински
2 поврзани вести »

Концерт на детски песни во "Луна парк"

Дневник - 20.04.2002

В НЕДЕЛА В недела, во 12 часот, во киносалата во забавниот парк "Луна" ќе се одржи концерт на детски песни од фестивалот "СИ-ДОФМ 2001". Концертот е дел од битолскиот тинејџерски музички фестивал што се одржа лани. Ќе учествуваат 20 деца со 17 композиции.

Детски песни од фестивалот СИ-ДО ФМ

Утрински
2 поврзани вести »

"Комунална хигиена" сама Ќе го чисти Скопје

Вест - 19.04.2002

ГРАДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ЗАДОВОЛНИ ОД ДИРЕКТОРСКАТА СМЕНА КАЈ КОМУНАЛЦИТЕ Советниците на Скопје ја прифатија анализата за работењето на комуналците,а идејата за ангажирање приватна фирма никој веќе не ја спомнува Јавното претпријатие "Комунална хигиена" има потенцијал да го исчисти Скопје и да даде ...

Комунална хигиена мака мачи со наплата на сметките

Утрински
2 поврзани вести »