Витилигото е кожно заболување кое се изразува со бели дамки на кожата поради губење на пигментот. Иако само по себе, витилигото не е опасно за здравјето, за повеќето кои страдаат од него, најголемата опасност е губењето на самодовербата.
8-годишно момче со ретко нарушување на изгледот на кожата, односно појава на бели делови на кожата, поминало до другата страна на Арканзас за да се запознае со кучето кое го има истиот изглед на кожата.