Еден од најпопуларните модели во гамата на Xiaomi, особено за оние со поплиток џеб, го доби својот наследник. Redmi Note 4 е повторно изработен од алуминиум и има исклучително ниска цена, особено со оглед на перформансите и квалитетот кои ги нуди.
Xiaomi деновиве го претстави Redmi Note 4, наследникот на минатогодишниот модел со ознака 3. И додека екранот останува ист – 5.5-инчен 1080p IPS LCD, Redmi Note 4 добил значително помоќен MediaTek процесор, Helio X20 со десет јадра.
Xiaomi, една од респектабилните кинески марки, создава врвни уреди, од оние поевтините, па се до оние кои се многу скапи. Redmi 3S припаѓа во средната категорија, благодарение на неговата цена од 125 долари.