Војната на релација Легија и УЕФА продолжува и по вчерашниот натпревар. Навивачите на тимот од Варшава на мечот против Шериф Тираспол уште еднаш пратија отровни стрели кон челниците на европската куќа на фудбалот.
Конфликтот меѓу навивачите на Легија и УЕФА дојде во таква фаза за, најверојатно и управата на УЕФА со нетрпение ги чекаат натпреварите на полскиот шампион за да видат каков вид на порака им испратија поддржувачите на клубот од Варшава.