Мице реагираше во стилот на искусен ракометар. Не загрижи пресвртот и водството на Бразил, 21:22. Но тоа траеше кратко, бидејќи нашите ракометари возвратија и во неколкуте преостанати минути целосно го разбија противникот.
Македонските ракометари ја остварија посакуваната победа над Бразил која широко им ги отвори портите за осминафиналето. Успеаја да ги совладаа Бразилците кои дадоа силен отпор, а дел од погодоците на нашите репрезентативци беа навистина магични.