Колекцијата H&M Студио официјално пристигна во сите продавници на H&M и во онлајн продажба. Шведската модна марка се фокусираше на модата инспирирана од улиците, со акцент на „кежуал“ гардеробата.
Уличниот стил во модниот главен град на Италија, Милано, за време на Модната недела е навистина нешто друго, поразлично од другите модни метрополи. Комбинација е на бохо вибрации и луксузни кроеви, со посебен европски финиш.