Со очаен поглед и на работ за заплаче, Ивана беше изнесена од полицискиот автомобил и одведена пред судија. 27-годишната Ивана Чуде е осомничена за тешко убиство на својата братучетка, 14-годишната Сара Чирјак.
Задарската тинејџерка Сара Чирјак (14) која почина во возило на Итната помош од многуте убодни рани по телото, била убиена од страна на нејзината братучетка од вујко, Ивана Чуде (27), заклучи полицијата.