Тони Станковски, 4 години преку социјално претприемништво работи како претседател на здружението „Љубезност“. Ова Здружение секоја сабота кај споменикот на Мајка Тереза им обезбедува топол оброк на бездомниците кои се наоѓаат во овој дел од градот.
Здружението Љубезност од Скопје веќе 4 години дели топол оброк на бездомниците и социјално загрозените семејства. Секоја сабота пред споменикот на Мајка Тереза овие лица се срдечно пречекани од претставниците.