Нашата втора екипа Вардар јуниор ја заврши 2017 година со победа, 24-16 (12-8) против Борец, во натпревар од Супер лигата. Бодовите од оваа средба ќе бидат важни потоа во разигрувањето за опастанок, бидејќи и велешани ќе играат во плејаутото.
Ракометарите на Вардар Јуниор со победа, втора за нив во Суперлигата, го завршија есенскиот дел. Во СРЦ „Кале“ беше совладана екипата на Борец, која исто како и на претходните неколку дуели, така и сега играше со младинската екипа.