Двејн Вејд успеа да собори рекорд и на легендарниот Мајкл Џордан. Имено популарниот „Флеш“ стана бек со најмногу блокади во плеј-офот на НБА лигата и го собори рекордот на „летечкиот“ Џордан.
Кошаркарот на Мајами стана бекот со најмногу блокоди во историјата на плејоф натпреварите во НБА лигата. Вејд во шестиот натпревар од првата рунда со Шарлот ја забележа 159-та блокада во доигрувањето.