Карпошанецот Методиј Бужаровски, го освои второто место на Државното првенство за средни училишта во пинг понг, што се одржа минатиот петок во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп.
Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски денеска го отвори 26-то екипно Пионерско првенство во пинг – понг во Македонија. При тоа најави поддршка за овој спорт, со буџетски средства.