Семејството Картерс наскоро ќе добие два нови члена, па Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви ги прават последните подготовки. И додека секое нормално семејство би купувало креветче за бебето или би ја украсувало неговата соба, Картерс купија нова куќа.
Бијонсе објави семејни фотографии на социјалните мрежи и им покажа на своите фанови дека среќна ги очекува своите близначиња. Децата треба да се родат летово. Со особено нетрпение ги очекува 5 годишната Блу Ајви, која ќе стане „поголемата сестра“.