Мигас или трошки, така ги нарекуваме Евреите што го преживеаја холокаустот, нивните потомци се мигас делас мигас или трошки на трошките, а со зачувувањето на нивната историја сакаме да направиме цврсто парче леб.
Еврејските гробишта во Битола ќе се конзервираат и ќе се изврши дешифрирање на писмото од повеќе десетици надгробни плочи. На нив се испишани семејните лози на повеќе битолски Евреи, нивните занимања, местото на живеење и други податоци.