До овој момент, Вардар цели 65 натпревари се без пораз во домашното првенство на свој терен. Тоа е рекорд од сите европски тимови, односно најдолга серија без пораз како домаќини во сите домашни шампионати низ Европа.
Македонскиот шампион победнички ја заврши есенската полусезона во Првата лига со осум бода негатива во однос на лидерот Шкендија, но со максимален ефект на домашен терен од девет победи во исто толку домашни мечеви.