„Esmara by Heidi Klum" беше првата колекција на познатиот топ модел Хајди Клум за „Lidl", во која акцентот беше на секојдневната, кежуал облека, како и на деловните парчиња и која несомнено помина успешно од продажен аспект.
Супермоделот Хајди Клум ја претстави новата празнична линија за синџирот маркети „Лидл“. Станува збор за една сосема поинаква приказна. Насловена е како Letscelebrate . Овој пат фокусот е на раскошните материјали, кадифето, како и крзнените детали.