Синоќа во Лос Анџелес се одржаа „Hollywood Beauty Awards“ каде главна ѕвезда беше Парис Хилтон. Парис ја доби наградата „Парфем на годината” за својот „Gold Rush“, а го привлече вниамнието со својот изглед, но и новото момче.
Парис Хилтон го привлече вниманието на обожавателите со своите фотографии со актерот Крис Зилка. Блескавата русокоса прикачи во Инстаграм серија од слики со 31-годишната ѕвезда од хорор филмовите “Ајкула” и “Пиратите”.
Главна ѕвезда на црвениот тепих на овогодишното доделување на наградите „Холивуд Бјути Авардс“ во Лос Анџелес беше Парис Хилтон, која заблеска во фустан во сребрена боја. До неа беше нејзиното ново момче, 31-годишниот манекен и глумец Крис Зилко.