За превентива користите посебен пешкир за тело и лице,користете ги најмногу три пати а помеѓу користењето исушете ги добро. Пешкирите поради својата влажност и начинот на перење можат да бидат вистинско легло на бактерии.
Чистењето, за најголемиот дел од луѓето е обврска која со голема желба би ја прескокнале или замениле. Сепак, секогаш треба да имаме на ум дека тоа е од суштинско значење за нашето здравје и здравјето на нашето семејство.
Не е тајна дека кантата за отпадоци, веце школката и подот во бањата се прекриени со бактерии и најразлични микроорганизми. Токму затоа тие се местата на кои најмногу се концентрираме за време на чистењето.