МЗТ Скопје има предност од 2-1 во финалната серија против Куманово откако актуелниот шампион вечерва ја искористи предноста на домашниот терен и славеше со 91-73 во третиот натпревар од финалето во кошаркарскиот плејоф.
Кога беше најпотребно за МЗТ Скопје, блесна капитенот Дамјан Стојановски. Македонскиот репрезентативец одигра фантастично во третата четвртина, кога на останатите ништо не им поаѓаше од рака, па со 19 поени беше најефикасен на денешниот финален дуел.