Според информации од Украина, поранешниот владетел во тешка категорија 41-годишната легенда, Владимир Кличко (64 – 5, 53 КО) се уште не донел официјална одлука во однос на реваншот со 27-годишниот Ентони Џошуа (19 – 0, 19 КО).
Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Николај Валуев, изјави дека Владимир Кличко нема да се повлече туку така по поразот од Ентони Џошуа. „Гледачите го добија она што го сакаа. Причината за поразот на Кличко е кондицијата.