Уникатни фотографии и теренски записи кои се дело на полскиот етнолог Јозеф Обрембски, којшто вршел теренски истражувања во Порече од август 1932 до март 1933, ќе бидат претставени на изложбата „Поречаните“.
Музејот на Македонија и Амбасадата на Република Полска во Скопје на 14 декември, во 12 часот напладне, свечено ќе ја отворат изложбата „Поречаните. Македонското Порече 1932-1933 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“.