Турски војник e убиен синоќа кога курдски бунтовници отвориле оган врз полициска станица во округот Тунџели во источна Турција. Нападот се случува само еден ден откако претседателот на САД, Џорџ Буш на средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека Курдската работничка партија (ПКК) е ...
СРЕДБА БУШ - ЕРДОГАН Американскиот претседател Џорџ В. Буш на средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ветил дека САД ќе и помогнат на Турција во справувањето со Работничката партија на Курдистан (ПКК), јави МИА. - ПКК е терористичка организација.
Ќе зајакне политичката и воена соработка и размената на разузнавачки информации меѓу САД, Турција и Ирак Како стратегиски партнери заедно се бориме против тероризмот во светот, вели Џорџ Буш АНКАРА - Американскиот претседател Џорџ Буш вети дополнителна помош за справување со курдските бунтовници во ...
СРЕДБА БУШ-ЕРДОГАН Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера во Вашингтон се очекуваше да разговараат околу заканите на властите во Анкара дека ќе ги нападне камповите на курдските герилци во северен Ирак, јави Си-ен-ен.
Анкара Турција е решена доколку е неопходно да преземе воена акција врз курдските бунтовници во северен Ирак, соопштија турските власти. „Турција е решена да ги преземе неопходните политички, дипломатски и воени мерки во борбата против терористичките упоришта“, соопштија властите по средбата на ...
ТУРЦИЈА-ИРАК Осум турски војници што пред две недели во заседа беа грабнати од курдски герилци вчера и беа предадени на курдската регионална влада во северен Ирак. - Осумтемина се во добра здравствена состојба - изјавил претставник на курдската регионална влада.
Турски војници кој еден месец беа заробени од курдските герилци АНКАРА - Осумте турски војници кои беа киднапирани минатиот месец од страна на курдските герилци вчера беа ослободени во северниот дел на Ирак, во потег што би можел да го намали притисокот на јавноста врз турската влада за почнување ...
Осумтемина турски војници, кои на 21 октомври ги киднапира сепаратистичката Курдска работничка партија, вчера беа ослободени во северен Ирак, јави МИА. Ослободувањето на турските војници го потврдија властите во Анкара и претставници на курдските автономни власти во северен Ирак.