Првиот парламентарец за утре ја свика седницата на уставната комисија, а за в среда седницата на собранието на кои, по три одложувања, треба да започне расправата по предлогот амандмани за измени на уставот на земјата. „Очекувам на овие седници да земат учество и пратениците на Партијата за ...
Ние можеме да имаме некои забелешки за нивната работа. Но, ние сме мала земја. Хавиер Солана и Џорџ Робертсон се важни луѓе кои претставуваат важни меѓународни институции. Битно е што тие ги почитуваат македонските државни институции, затоа ние треба да ги почитуваме, и да не влегуваме со емоции во ...
ЗА ПОНЕДЕЛНИК ЗАКАЖАНА СЕДНИЦА НА УСТАВНАТА КОМИСИЈА Евродипломатите Солана, Робертсон и Џоана оценуваат дека парламентарната расправа по амандманите ќе заврши до крајот на месецов Претседателот на Собранието на Македонија Стојан Андов, за в понеделник закажа седница на Уставната комисија на која ...
ПОЛИТИЧКИОТ ПРОЦЕС Е СПАСЕН Собранието в среда ќе решава дали во новата преамбула ќе "преживее" македонскиот народ Политичкиот процес ќе продолжи во наредната недела, откако меѓународните претставници Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Мирчеа Џоана завчера добија гаранции дека ПДП и ДПА ќе го прекинат ...
Спикерот Андов денеска потврди дека в понеделник ќе биде закажана седницата на уставната комисија, а за в среда седницата на паралемнтот на која ќе се разгледуваат текстовите на предлог амандманите доставени од претседателот Трајковски.
ИДНАТА НЕДЕЛА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА МИРОВНИОТ ПРОЦЕС Се очекува до почетокот на парламентарната дебата амандманите да се комплетираат Претседателот на Собранието на Македонија Стојан Андов има намера в понеделник да ја свика Уставната комисија, а в среда ќе закаже и парламентарна сесија за уставните ...
СОЛАНА, РОБЕРТСОН, ЏОАНА И РАЛСТОН ВО СКОПЈЕ ЕУ, НАТО и ОБСЕ го завршија својот дел од работата, на ред се македонската Влада и Парламентот, рече Робертсон Македонскиот народ треба да стои во преамбулата на Уставот, зашто тоа е во интерес на мирот во Македонија.
До среда претседателот Трајковски треба да ги достави предлог амандманите во пакет, по што спикерот Андов ќе ја закаже собраниската седница на која ќе учествуваат и ДПА и ПДП, е епилогот од посетата на Робертсон, Солана и Џоана, со што е деблокиран политичкиот процес во државава.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ВЧЕРА СЕ СРЕТНА СО ЛИДЕРСКАТА ЧЕТВОРКА Трајковски за последен пат, пред денешното доаѓање на Робертсон и Солана, ќе се обиде да ги убеди политичките лидери за потребата од менување на Преамбулата, во која ќе остане референцата "македонски народ" Претседателот Борис ...
Високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана утре треба да допатува во еднодневна посета на Македонија во нов обид да ја поттикне парламентарната процедура за усвојување на измени на Уставот.
Собранискиот спикер денеска по трет пат беше принуден да ја одложи седницата на уставната комисија поради неприсуството на членовите на партиите на Албанците кои не отстапуваат од барањето предлагачот на измените на Уставот да го достави сиот пакет од 15 амандамни.
АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК ГО БЕТОНИРА СТАВОТ ЗА БОЈКОТИРАЊЕ НА СОБРАНИЕТО Двете партии на етничките Албанци оценуват дека со доставувањето на уставните амандмани во делови, претседателот Трајковски го кочи мировниот процес Двете парламентарни партии на Албанците на Македонија и денес нема да ...
ДПА И ПДП ГО КРИТИКУВААТ ТРАЈКОВСКИ СДСМ смета дека одложувањето да се достават амандманите не предизвикува ниеден позитивен ефект ДПА и ПДП вчера го обвинија шефот на државата Борис Трајковски дека го попречува процесот на уставните промени со тоа што не ги поднесува амандманите предвидени со ...
Во Парламентот продолжува статус квo состојбата. Наспроти најавата на претседателот на Собранието оти очекува на седницата на уставната кoмисија да дојдат и пратениците на ПДП и ДПА, од нивна страна денеска потврда на веќе познатите ставови.
БЛОКАДАТА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ПРОДОЛЖУВА "Доколку продолжи блокадата од одделни пратенички групи, тоа ќе го сметам за обид за диктат, чие наложување не го прифаќам и ќе ме присили да размислам дали и натаму да ја задржам улогата на предлагач на ...
Претседателот Борис Трајковски денеска до собранието достави уште три предлог амандмани 12,13 и 14-от, со што вкупниот број на досега доставени амандмани е девет. Веднаш по доставувањето на новите амандмани, претседателот на собранието Андов, како што самиот најави, за в среда во 10 часот закажал ...
Претседателот Борис Трајковски го менува амандманот на преамбулата и во него, надвор од рамковниот договор, ја внесува одредницата „македонски народ“, тврди скопскиот весник на албански јазик „Факти", повикувајќи се на свои неименувани извори.