Паника владее во судовите и во Правобранителството. А1 дознава дека секој што имал допир со случајот „Бачило“ во овие институции стравува да не е на црната листа на осомничени на Обвинителството и на МВР. А такви има многу со оглед на тоа што досието шетало од Обвинителството, преку Основниот и ...
ВЛАДАТА РЕШИ ДА ГО РАСЧИСТИ СКАНДАЛОТ Јавниот обвинител Александар Прчевски и Љубомир Михајловски Џанго, министер за внатрешни работи, вчера почнаа заеднички да работат на расчистување на случајот „Бачило“ и да ја утврдуваат одговорноста кај сите инволвирани страни.
Бучковски се сомнева во спрега меѓу дел од Јавното правобранителство, судството и посредник кој го избрал овчарот Високи политички структури не се вмешани, смета премиерот Гордана Дувњак Ќе успее ли Владата да ги врати назад 720.000 евра што легнаа на сметката на најбогатиот овчар во Македонија, ...
Неодминливо е чувството дека политичарите од нас направија робови на нивната квазибитка во која главно мерило за квалитет е кој ќе произведе помалку скандали, а не кој ќе реализира повеќе добри идеи Ќе заврши ли во Македонија некогаш времето на скандали? Ќе почне ли некој сериозно да работи на ...
Обвинителството идната недела ќе покрене кривична постапка против вмешани во случајот За случајот „Бачило“ не знаев се' до присилната исплата на отштета од сметката на Министерството за одбрана, изјави вчера премиерот Владо Бучковски за исплатата на 720 илјади евра за бачило наводно гранатирано од ...
Премиерот Владо Бучковски не знаел дека парите за случајот "Бачило" биле симнати од сметката на Министерството за одбрана, се додека со судската одлука присилно биле наплатени. Бучковски, кој во тоа време беше министер за одбрана, тврди дека од првиот момент се сомневал во случајот за кој овчарот ...
Бучковски однапред се амнестира себе си и своите колеги. Во аферата „Бачило“ не биле вмешани политички структури. Целата вина ја префрли на судството. Ланецот на организираниот криминал, според Премиерот, го сочинувале посредникот кој делувал во име на овчарот: правобранителството-судството.
ЈАВНАТА ПРАВОБРАНИТЕЛКА НА УДАР НА БУЧКОВСКИ Мери Јордановска Владата ќе почне постапка за утврдување одговорност на јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска за случајот „Бачило“, заклучи Владата на вчерашната седница и побара да се испитаат сите можности за да се повтори судската постапка.
МЕРИ ЈОРДАНОВСКА Којзнае колку политичари, функционери, моќници, учки и по некој овчар задоволно ги тријат рацете од случајот „Бачило“. И којзнае колку од нив се крстат во денот кога наводно загинале овците од гранатите на хеликоптерите што не биле вооружени, а инцидентот никој ниту го видел, ниту ...
Владата вчера ги разгледуваше фактите околу исплатата на отштетата од 720.000 евра Владата на вчерашната седница ги задолжи надлежните институции да ги испитаат сите можности за повторување на судската постапка во „случајот Бачило“ поради сомневање дека исплатата на 720.000 евра отштета на лицето ...
Врховниот суд смета дека државата може да си ги врати исплатените 720 илјади евра отштета Владата се сомнева дека има корупција и организиран криминал во случајот „Бачило“, во кој државата исплати 720 илјади евра за бачило кое било гранатирано од хеликоптер на АРМ во конфликтот во 2001 година.
12-мина одговорни на списокот на Александар Прчевски за криминално- коруптивниот случај Бачило. Основни и апелациски судии, обвинители, јавни правобранители, полициски службеници и судски вештаци ќе одговараат зошто ја прикривале фактичката ситуација и постапувале спротивно на законските ...
Владата ќе почне со постапка за утврдување на одговорноста на јавната правобранителка Зоја Лега Станојевска во исплатата на штетата од над 700 илјади евра во "случајот Бачило". Ова вчера беше одлучено на владината седница, на која се разгледуваше исплатата на штетата на тетовскиот овчар Иснифарис ...
Од граѓански судски спор, „Бачилото“ прерасна во случај на организиран криминал и корупција. Владата последна призна дека 727-те илјади евра на овчарот Џемаили биле дадени без основа. Ќе се барале начини за да има повторно судење.
ВРХОВНИОТ СУД ГИ ТРЕСЕ ПРАВОСУДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ Мери Јордановска Врховниот суд вчера целосно ги негираше сите досегашни наоди за случајот „Бачило“ и изрази најголем сомнеж досега дека настанот е исконструиран и дека воопшто се случил.
ВРХОВНИОТ СУД ПРЕСУДИ За случајот "Бачило", Врховниот суд најде неодговорност, пропусти и непознавање на законот кај судиите од Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд, кај Јавното правобранителство и кај Обвинителството Врховниот суд, кој вчера расправаше за евентуалната одговорност на судиите ...
Судскиот процес за отшетата од 700.000 евра влезе во институционо "чешлање" Премиерот Владо Бучковски вчера се сретна со јавната правобранителка Зоја Лега - Станоевска, која му ги презентирала сите преземени активности во конкретниот случај Гордана Дувњак "Случајот Бачило" почна полека да се ...
Тужбата била неуредна, фактите непоткрепени со докази и спротивни на службената белешка, која била единствениот доказ за штетата, утврди Врховниот суд Процесот за случајот „Бачило“ бил неправилен од почетокот до крајот, утврди Врховниот суд и побара Републичкиот судски совет да побара одговорност ...
Владата се сомнева дека исплатата на 700 илјади евра на лицето Иснифарис Џемаили за „Бачило“ е случај на корупција и организиран криминал. Владата се сомнева дека исплатата на 700 илјади евра на лицето Иснифарис Џемаили за Бачило е случај на корупција и организиран криминал.
Сите имаат вина во случајот „Бачило“, почнувајќи од судовите, Јавниот правобранител, па се до Јавниот обвинител. Основниот суд донел пресуда во корист на Џемаили без да се докаже дали бачилото било гранатирано и колку вреди. Апелациониот ја прифатил пресудата онака како што му ја сервирал Основниот ...
Јавното правобранителство неделава ќе и' реферира на Владата за случајот „Бачило“. По барање на премиерот Владо Бучковски, правобранителката Зоја Лега-Станоевска на посебна владина седница треба да ги објасни постапките на институцијата во судскиот спор во кој државата плати отштета од повеќе од ...
Владата во текот на оваа недела на дневен ред ќе го стави најматниот настан од изминатиот месец "Бачило". Според портпаролот Сашо Чолаковски, на една од седниците ќе стане збор за исплатата на над 700 илјади евра на овчарот Џемаили Иснифарис, за овци кои настрадале во конфликтот 2001 година.
В среда Врховниот суд ќе одлучува за случајот „Бачило“. Претседателот на судот Дане Илиев за А1 изјави дека на седницата судиите, кои веќе 10-тина дена го разгледуваа досието, ќе поднесат извештај. Тие треба да пресечат кој е виновникот за исплатата на 727.000 евра за овците на Џемаили од Камењане ...
Случајот со бачилото на овчарот Иснифарис Џемаили добива нов тек Уредниците на националните печатени и електронски медиуми го прогласија "Бачило" за најматен настан во март Жаклина ЃорЃевиЌ Јавната правобранителка Зоја Лега-Станоевска, која досега ја отфрлаше вината за висината на отштетата од 727 ...
Случајот "Бачило" е "најматен" настан во март, покажува редовната месечна анкета Барометар на корупцијата на "Макфакс" и "Транспарентност Македонија". "Најбистар" настан, се заклучоците за овој случај, изготвени од Антикорупциската комисија.