Чесен, вреден, домаќин, ова е профилот на идниот градски татко, барем според ветувањата на партиите. А кои се тие личности, е тука наидувате на официјален молк. ВМРО-ДПМНЕ, овојпат комотно велат,рано е ,се уште се анкетира членството, но знаат, грешката со Трифун Костовски нема да ја повторат. „Не, сепак ќе одиме со понуда на квалитетни кандидати“, изјави Зоран Петрески, ВМРО-ДПМНЕ.
Ана Велјановска Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го засилува своето водство во интерните анкети на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чија цел е да се избере кандидат за градоначалник на Скопје. Блиску до популарноста на Јанкуловска е и претседателката на Советот на град Скопје, Ирена Мишева.
Во ВМРО ДПМНЕ во тек е анкетирање и сондажа на мислењето на граѓаните, кој од актуелните градоначалници ги исполнил нивните очекувања и треба да добие уште еден мандат. Засега најпозитивни критики се набележани за првите луѓе на Прилеп, Битола, Радовиш, Пехчево, Валандово, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров и Илинден.
Проф. д-р Јове Кекеновски До одржување на локалните избори, односно до претстојните избори за градоначалници и за членови на советите на општините во Република Македонија, остануваат нешто повеќе од 120 дена. Партиските кујни испитувајќи го јавното мислење и мислење на своето членство веќе почнаа со пуштањето на пробните балони околу потенцијалните кандидати.
Не верувам дека Црвенковски нема да се кандидира. Верувам дека Бранко Црвенковски, нема да си го одржи зборот дека нема да се кандидира за претседател на следните претседателски избори, вели лидерот на НСДП Тито Петковски, во интервју за бугарската агенција Фокус.
ДНЕВНИК: Со стари кандидати се коваат нови изборни стратегии Кој ќе влезе во трката за градоначалници, кој со кого ќе коалира или чиј кандидат ќе поддржи се прашањата на кои повеќето партии немаат одговор. Иако има помалку од пет месеци до локалните и до претседателските избори, партиите од власта и од опозицијата ги кријат и стратегијата и персоналните решенија со кои планираат да ја бараат ...
Ана Велјановска ВМРО-ДПМНЕ е во преговори со партиите НСДП и со ЛДП за поддршка на претстојните локални и претседателски избори за да го ослабне нивниот досегашен коалициски партнер СДСМ, дознаваме од партиски извори. Премиерот Никола Груевски им понудил на Тито Петковски и на Јован Манасијевски да настапат сами на изборите и да излезат со самостојни советнички листи, а да ги поддржат кандидатите ...
ВМРО - ДПМНЕ спроведува внатрешна анкета со која ги испитува граѓаните за кој од кандидатите за градоначалници чии имиња се споменуваат во јавноста би гласале на претстојните локални избори закажани за крајот на март идната година. Анкетите се спроведуваат телефонски на ниво на цела држава.
Се појавија шпекулации, кои ниту една партија ниту ги потврди ниту ги демантира, а единствениот одговор од партиите е оти дел од стратегијата е кога ќе ја објават програмата. За најпосакуваното место, градоначалник на Скопје, уште отсега врие и од шпекулации и од пробни балони. Кој ќе влезе во трката за градоначалници, кој со кого ќе коалира или чиј кандидат ќе поддржи се прашањата на кои ...
Пратеникот Ристо Пенов од Либерално-демократската партија, според сите интерни анкети кои ги спровела партијата, уживал највисок рејтинг од сите можни кандидати во опозицискиот блок за градоначалник на Скопје, и тој, според неговите сопартијци, ќе биде сигурниот кандидат на ЛДП за високата функција.
Препукувањата на релацијата претседател на држава и претседател на влада во врска со преговорите за името со Грција, а во која се вклучија и двајцата преговарачи Никола Димитров и Мартин Протоѓер, се пренесуваат во коалицијата „Сонце“. Првично ЛДП ја обвини матичната партија на Бранко Црвенковски дека соработува со власта, со што таа ги нарушила коалициските начела на „Сонце“.
Минатата година, во раните фази на тукушто завршените претседателски избори, битката за номинација на републиканците се чинеше доста извесна. Единствениот потенцијален кандидат од нивниот табор со популарност на национално ниво, лежерно ги испушти првичните битки потпирајќи се на предноста во сите анкети.