Во чест на празникот Илинден и по повод 60-годишниот јубилеј од АСНОМ, поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан го освети возобновениот конак во манастирскиот комплекс Св. Наум кај Охрид.
Македонски официјални претставници, денеска и во понеделник, ќе учествуват во серија активности по повод шестдеценискиот јубилеј од Првото заседание на АСНОМ и 101 година Илинден. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денеска, свечено ќе го открие Споменикот на НОАВМ 1941-1945, во Центарот ...
Ние не можеме да го митологизираме македонството, да го затвориме и да го ставиме под стаклено ѕвоно пред налетот на новото време, туку обратно, изјави во свечениот говор спикерот Љупчо Јордановски по повод 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и основањето на современата македонска држава во ...
Претседателите на Франција и на Бугарија, Жак Ширак и Георги Прванов, во одделни писма до македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денеска и го честитаа на Македонија шестдеценискиот јубилеј од Првото заседание на АСНОМ. „Ве уверувам во поддршката на Франција во заокружувањето на ...
ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН И АСНОМ Чествувањата на АСНОМ ќе почнат со денешната свечена седница во Собранието, на која ќе говори спикерот Љупчо Јордановски, кој е и претседател на Одборот за одбележување на јубилејот 60 години АСНОМ.
„ФАКТИ“ Албански групи одбиваат да пеат за АСНОМ затоа што биле излажани дека ќе пеат за Старата чаршија во Скопје, пишува дневниот весник на албански јазик, „Факти“. Според „Факти“, познатиот албански пејач Селами Колоња и рок-групата „Шекули и дреќит“ го откажале учеството на завчерашниот концерт ...
ПИСМО ?Сите Македонци треба да се гордеат со прогресот што го направивте на патот кон интеграцијата во Европа и трансатлантската заедница. Македонија останува извор на стабилност на Балканот и значаен дел од напорите на меѓународната заедница да промовира мир и демократија во регионот", се вели во ...
Повеќе свечености по повод 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ во "Св. Прохор Пчињски" Македонија годинава одбележува голем јубилеј, 60 години од Првото заседание на АСНОМ, денот кога беа остварени вековните соништа на македонскиот народ да има своја држава.
Сите Македонци треба да се гордеат со напредокот што го направиле на патот кон интеграцијата во Европа и во трансатлантската заедница. Македонија останува извор на стабилност на Балканот и значаен дел од напорите на меѓународната заедница да промовира мир и демократија во регионот.
МАКЕДОНИЈА ГИ СЛАВИ ДВАТА ИЛИНДЕНА Македонија задутре, на 2 Август, ќе го слави најголемиот државен празник - Илинден, кој годинава е во знакот на 60-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и на 101-годишнината од Илинденското востание.
ИНТЕРВЈУ: НОВИЦА ВЕЛЈАНОВСКИ, ИСТОРИЧАР Шестдеценискиот јубилеј на Првото заседание на АСНОМ одново не враќа на периодот во кој се поставени темелите на македонската држава. За секоја држава, посебно за тие што изминале долг и макотрпен пат до своето конституирање, мошне важни се токму темелите врз ...
Уводник - Тодор Пендаров Ние сме на пат да ја изгубиме својата единствена држава - името наше уставно веќе го изгубивме, достоинството го губиме сега, а сакаат да ја избришат и нашата историја Шеесет години од АСНОМ, 101 година од Крушевската Република.
КИРО ГЛИГОРОВ За македонскиот народ АСНОМ претставува исклучителен настан на кој се поставија темелите и се конституира новата македонска држава, што со векови наназад беше сон на нашите предци и идеал за кој се живеело и се гинело на овие простори.
Шеесет години по историското заседание Наташа Бунтеска <> Документите донесени на Првото заседание на АСНОМ, шеесет години по одржувањето на историското собрание на кое се поставени темелите на македонската држава, фасцинираат со својата демократичност, едногласни се историчарите.
Според програмата на чествувањето на двата илиндена 60-ет годишнината од АСНОМ и 101 година од Илинденското востание, во македонското Собрание в сабота на 31 јули ќе се одржи свечена седница на Собранието, на која ке се обрати претседателот на Собранието Љупчо Јордановски.
ЧЕТИРИ ДЕНА ПРЕД ПРОСЛАВАТА НА АСНОМ Наташа Бунтеска Музејот на АСНОМ, објект со полукружна камена структура, кој е главно здание во Меморијалниот центар во Пелинце, четири дена пред прославата на 60-годишнината на АСНОМ е речиси завршен.
КАКО ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН? Шеесетгодишнината од АСНОМ и 101-та годишнина од Илинденското востание и од Крушевската Република ќе се слават на повеќе места од целата земја, со посета на култните места на македонската историја, со положување венци и цвеќе на гробовите на народните херои и богата ...
МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА Изложба на фотографии, документи, цртежи и на разни предмети (оружје, знамиња и слично) од периодот на Народноослободителната борба, со посебен акцент на Првото заседание на АСНОМ, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Музејот на Македонија.
Свечен концерт по повод 60-годишнината од АСНОМ ќе одржат вечерва солистите и хорот на Операта и Македонската филхармонија. По диригентската палка на Саша Николовски - Ѓумар, во Салонот МНТ, во 21 часот, ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Арам Хачатуријан, Камиј сен санс, ...
ВЕЧЕРВА ПРОСЛАВА НА АСНОМ ВО СКОПЈЕ Вечерва во 19 часот, во Музејот на Македонија се отвора изложба посветена на АСНОМ. Ќе бидат изложени фотографии, оригинални документи од заседанието во "Прохор Пчињски", разни прогласи, брошури, првото издание на весникот "Нова Македонија" отпечатено во ...
Работите на Меморијалниот центар АСНОМ се при крај КУМАНОВО - Изградбата на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде што треба да се одржи централната прослава на 60-годишнината од формирањето на макеоднската држава е при крај.
ИзлоЖба во Музејот на Македонија по повод 60-годишниот јубилеј Катерина Богоева Во Музејот на Македонија вечерва во 19 часот д-р Елеонора Петрова, пратеник и претседател на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, ќе ја отвори изложбата "АСНОМ 1944 - 2004", како дел од ...
ЧЕСТВУВАЊЕ Екипа на "Дневник" вчера ги посети и манастирот и Меморијалниот центар Се уште е неизвесно дали државна делегација на Илинден ќе може да положи цвеќе во манастирот "Свети Прохор Пчински". Свештениците во манастирот велат дека немаат добиено ниту забрана ниту пак дозвола од Синодот на СПЦ ...
ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ОД АСНОМ Изложбата што му е посветена на јубилејот - 60 години од АСНОМ се одржува во централната библиотека „Другарче“ и во матичната библиотека „Браќа Миладиновци“. На изложбата може да се видат фотокопии на документи од подготовките за АСНОМ до осамостојувањето и приемот на ...
ШЕЕСЕТ ГОДИНИ АСНОМ Во Горно Врановце вчера беше одбележана 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ. - Шеесет години подоцна, Македонија потврдува дека ќе остане на патот почнат со светлите идеи на двата Илиндена - рече Владо Бучковски, министер за одбрана.
НАРОДНА БАНКА Народната банка в петок ќе ги промовира новите златни ковани монети изработени по повод јубилејот „60 години од одржувањето на првото заседание на АСНОМ“. На монетите ќе има гравури од манастирот „Свети Прохор Пчињски“, местото каде што е одржано собранието на кое се удрени темелите ...
Вчера одржан свечен собир во Горно Врановци по повод јубилејот од АСНОМ ?Прославувајќи ја 60-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, славејќи ги шеесетте години од остварувањето на вековниот македонски идеал - државноста, денес се наоѓаме на едно од местата каде што во славната ...
БУЧКОВСКИ ВО ГОРНО ВРАНОВЦИ Во овие решителни моменти ние ја изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе имаме, рече вчера министерот за одбрана Владо Бучковски во Горно Врановци, каде што се одржа свечен собир по повод одбележувањето на 60-годишнината од Првото ...