СВЕЧЕНА ЗАМЕНА НА МИСИИТЕ Наменските сили "Лисица" вчера официјално ја почнаа својата мисија во Македонија со примањето на командата од "Наменските сили жетва". Замената на знамињата на двете мисии и предавањето на командата се одржаа во кругот на Штабот на силите на НАТО.
Со денешното предавање на командата од командантот на наменските сили „Жетва“, бригадниот генерал Барни Вајт Спанер на командантот на наменските сили „Лисица“, бригадниот генерал Хајнц Георг Керл и официјално започна новата мисија на НАТО за заштита на меѓународните набљудувачи.