TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фалсификатите може да се откријат само со специјални апарати за евра

Дневник - 06.07.2002

МВР ИНФОРМИРА Досега шест лица биле уапсени во истрагата за растурањето фалсификувани евра низ земјата. Надлежните од полицијата велат дека мрежата на градовите во кои биле пронајдени лажни пари е проширена и во Куманово, Струмица, Кавадарци и во Радовиш.

Шест лица заработија кривични пријави за фалсикфикување евра

А1 - 05.07.2002

На откривање на печатницата во која се изработуваат фалсификуваните евра што се појавија во Македонија работи и Интерпол. Во МВР, но и во Народната банка тврдат дека излегалната печаница дефинитвно не е во Македонија и дека фалсификатите се внесуваат од надвор.

Лажните евра стасале во Македонија од странска земја

Дневник - 05.07.2002

"СЛУЧАЈ" ФАЛСИФИКУВАНИ ДЕВИЗИ Македонската полиција во соработка со Интерпол дошла до навестувања во која земја се изработени фалсификатите, но тврди дека се уште е рано да се објави нејзиното име Македонската полиција вчера потврди дека случајот "фалсификувани евра" се истражува во соработка со ...

Како Новковски станал универзитетски професор?

Дневник - 05.07.2002

Коментар - Сашо Кокаланов Факултетските дипломи биле само парче хартија што македонските новинари го сфаќале на застарен, социјалистички начин. А денес било време на граѓанското општество. Вака министерот за образование го објаснува скандалот со фалсификуваните дипломи.

Фалсификувани евра ја преплавија Македонија

А1 - 04.07.2002

Во повеќе градови во Македонија деновиве се откриени фалсификувани евра, претежно кај банкнотите од педесет и сто евра. Граѓаните се плашат при секој допир со новата евровалута, а во полицијата велат дека интензивно работат на случајот.

Новковски му објави војна на МВР

Вест - 04.07.2002

МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЈА ОБВИНУВА ПОЛИЦИЈАТА ДЕКА НЕГОВИТЕ ПРИЈАВИ ГИ ДРЖИ ВО ФИОКА Министерот и порачува на полицијата да постапи по неговите пријави за 200 фалсификувани дипломи и за диви студии на Факултетот за физичка култура, а од таму уште еднаш му повторуваат дека пријави од Минист ...

Откриени фалсификувани евра во Штип

Вест - 04.07.2002

Штипската полиција откри два случаи на пуштање во промет на фалсификувани евра. Банкнотите биле од 100 и 50 апоени. Фалсификуваните пари биле наводно разменети кај уличен дилер. Полицијата трага по растурувачите на фалсификуваните евра. (Ј. Т.

"Монитор": Скандалот надуен за да се обвини Георгиевски

Утрински - 04.07.2002

Бугарските медиуми за фалсификуваните дипломи Скандалот со фалсификуваните бугарски дипломи некои бугарски медиуми го толкуваат како намерно надуен случај, откако во Македонија стапила во сила Спогодбата за заемно признавање на дипломите, а македонските универзитетски установи сфатиле дека губат ...

Половина цариници и полицајци од Гевгелија со лажно образование

Утрински - 04.07.2002

Гевгелиски реакции по аферата со фалсификуваните бугарски дипломи ГЕВГЕЛИЈА - Откривањето на фалсификуваните дипломати и не е некоја новина, бидејќи јавна тајна во овој град е дека половина цариници и други државни службеници се вработија со лажни дипломи.

Новковски ја обвини полицијата дека не си ја врши работата!

Утрински - 04.07.2002

Министерот за образование и наука со куп критики за МВР и претседателот на Универзитетскиот сенат Жаклина Ѓорѓевиќ "Постои одлука на Владата во која сите елементи за фалсификувањето се евидентирани, 120 сомнителни дипломи апсолутно постојат и МВР нека си погледнат малку по фиоките", изјави вчера ...

Во МВР нека си ги проверат фиоките со 120 сомнителни дипломи

Дневник - 04.07.2002

НОВКОВСКИ ГО ВРАЌА УДАРОТ Сто и дваесет сомнителни дипломи постојат, а во МВР нека си погледнат малку по фиоките, рече вчера министерот за образование Ненад Новковски, одговарајќи му на Министерството за внатрешни работи на обвинувањата дека тој ја манипулирал јавноста.

Лажни евра сеат паника во Скопје, Гевгелија и во Велес

Дневник - 04.07.2002

ИЛЈАДНИЦИ ФАЛЦ-БАНКНОТИ НА ЕВРОПСКАТА ВАЛУТА ВО ОПТЕК ВО ЗЕМЈАТА Полицијата веќе фатила двајца гевгеличани што дистрибуирале 5.000 фалсификувани банкноти, а "епицентар" на ширењето на лажните пари се кванташките пазари Пет илјади парчиња фалсификувани евра деновиве биле фатени во Гевгелија, а ...

Новковски се смета незадолжен за лажните дипломи

А1 - 03.07.2002

Министерот за образование Ненад Новковски тврди дека доставил 200 сомнителни дипломи на проверка во полицијата, а со нив ништо не е сторено повеќе од година дена. Во МВР, пак, со спротивна изјава. Оттаму велат дека тие не слушнале ништо за тие дипломи. „Полицијата нека си провери по фиоките.

Лажните дипломци платиле по 3.500 евра за фалш дипломите

Вест - 03.07.2002

МВР ПОДНЕСЕ УШТЕ ШЕСТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ СОПСТВЕНИЦИ НА ФАЛСИФИКУВАНИ ДИПЛОМИ МВР до Основното јавно обвинителство поднесе уште шест кривични пријави против Петар П. (28), Ирена П.(26), Марјан Р.(24), Беким И.(28) Павел Ј.(36) и Марјана М.

Универзитетот без конечен став за фалсификуваните дипломи

Утрински - 03.07.2002

АФЕРА Поради немање кворум, универзитетските сенатори вчера не донесоа конечна одлука за фалсификуваните дипломи во име на Скопскиот универзитет, ?Св. Кирил и Методиј°. На тоа претходеше полемика меѓу претседателот на Универзитетскиот сенат, Љубомир Цуцуловски, и професорот на Економскиот факултет, ...

Од триесет, приведени шест лица, се трага по бугарски државјанин

Утрински - 03.07.2002

МВР ги откри имињата на седумте фалсификатори на лажни дипломи од Бугарија Жаклина Ѓорѓевиќ- Томислав Кежаровски Министерството за внатрешни работи вчера, на прес-конференција, ги откри имињата на седумте фалсификатори кои набавиле лажни дипломи од Софија, Република Бугарија.

Новковски на вештачење не испратил 200 сомнителни дипломи

Дневник - 03.07.2002

СПОРЕД МВР До обвинителството се поднесени вкупно 31 кривична пријава за фалсификување дипломи од бугарски факултети Тврдењата дека во МВР има други сомнителни дипломи за криминалистичка обработка, освен 30-те за кои веќе поднесовме кривични пријави, се најобична манипулација, рече Венко Калачоски, ...

Македонија заплисната со одлични фалсификати на евра

Дневник - 03.07.2002

ФАЛСИФИКУВАНИ ДЕВИЗИ Голема сума одлично изработени фалсификувани банкноти на евра биле пуштени во оптек преку бензинските пумпи и разни продавници во Скопје, во изминативе неколку дена. Според упатените, лажните евра биле направени од квалитетна хартија, со современа технологија и единствено ...

Бугарска диплома за 1.400 до 3.500 евра

А1 - 02.07.2002

Лажните бугарски дипломи чинат помеѓу 1.400 и 3.500 евра. Тие потекнуваат и се печатат во Бугарија, а преку границата ги префрла организирана група составена од македонски и бугарски државјани, соопшти портпаролот на МВР, Воислав Зафировски, по откривањето на две групи лажни бугарски дипломци.

Вработен во Телеком со лажна бугарска диплома

А1 - 02.07.2002

А1 дојде до диплома со која се потврдува дека извесен Боривоје Милошевски од Скопје, по завршено школување во вишото техничко ПТТ училиште во Белград, станал стручен и се здобил со звање инжинер за телекомуникации. Вработени во министерството за образование, кои по официјален пат побарале потврда ...

Кривични пријави против 22 сопственици на фалсификувани бугарски дипломи

Вест - 02.07.2002

ПО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕТО НА СКАНДАЛОТ СО ЛАЖНИТЕ ДИПЛОМЦИ Во досегашниот тек на истрагата, единствено на Јован Ќ. му бил одреден притвор од 30 дена, а во МВР велат дека ова не е конечната бројка на фалсификувани дипломи и полицијата работи на целосно расчистување и до МВР, до скопското Основно јавно ...

На лажните академски граѓани им се заканува затвор

Утрински - 02.07.2002

Повеќе детали околу аферата со нострифицирање на фалсификуваните дипломи во Бугарија Засега, дваесет и четворица некогашни и сегашни студенти кои, неодамна, во Министерството за образование и наука се обиделе да подметнат лажни дипломи за завршен факултет, за нострификација, се под полициска и ...

Кривични пријави за фалсификаторите на дипломи

А1 - 01.07.2002

24-те лажни бугарски дипломци откриени пред две недели на економскиот факултет заработија кривични пријави за фалсификување, соопшти МВР. Според истрагата, осомничените за одредена сума пари набавиле фалсификувани дипломи од Бугарија, а потоа ги доставиле во министерството за образование за ...