Вчера продолжија полициските активности и патролирањето на етнички мешаните патроли на македонската полиција во тетовските села Шемшово и Милетино кои се со понизок степен на безбедносен ризик и во Стенче, Волковија и Блаце, каде што досега немаше никакви инциденти.
ПОЧНА ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ ВО КРИЗНИТЕ СЕЛА Полицијата со мешани полициски патроли, без поголеми инциденти влегла во селата Шемшово, Милетино, Блаце, Волковие и Стенче. Македонските Албанци од Селце, Вејце и од Лавце бараат полицијата да се повлече Вчера попладне, започна ...
Припадниците на МВР денеска околу 13 часот без проблеми и инциденти влегоа во селата Шемшево, Блаце, Милетинo, Волковија и Стенче кадешто ќе ги извршуваат своите редовни должности. Со ова започна првата фаза од планот за враќањето на македонската полиција во кризниот тетовски регион.