Опозициската ДПА во Скопје организираше протест под мотото „Да живееме заедно со нашите разлики“, во знак на незадоволство од законот за територијална поделба, а особено од предлог-законот за град Скопје. Заменик-претседателот на ДПА, Мендух Тачи, Опозициската ДПА во Скопје организираше протест под ...
Новата територијална поделба ги разедини албанските партии на политичката сцена. Вчерашните протести на партијата на Џафери по скопските улици од левата страна на Вардар против предложената територијална поделба се случија без поддршката на партијата на власт ДУИ и ПДП.
Кабинетот на претседателот Борис Трајковски вчера реагираше во врска со вчерашниот текст објавен во "Вест" за средбата на Претседателот со лидерската двојка на ДПА Арбен Џафери и Мендух Тачи. Кабинетот на Трајковски користи општа формулација и вели: " Кабинетот ги демантира наводите објавени во ...
ПРОТЕСТ НА ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ Демократската партија на Албанците ќе продолжи да организира протести доколку ДУИ и Али Ахмети не го земат предвид незадоволството на граѓаните од албанска етничка припадност од новата територијална организација на Скопје, порача претседателството на ...
Зоран Крстевски Претставниците на трите најголеми партии на етничките Албанци во државава, ДУИ, ПДП и ДПА, постигнале согласност за заеднички настап во однос на барањето за припојување на селата Сарај, Арачиново и Студеничани кон градот Скопје, вели пратеникот на ПДП, Исмет Рамадани.
Протест на приврзаниците на Џафери и Тачи против територијалната организација на Скопје БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Албанците се незадоволни од предложената територијална поделба на Македонија и особено на градот Скопје. Со овој протест тие му кажаа јасно ?не" на овој проект кој претставува гетоизирање и ...
ПРОТЕСТЕН МАРШ НА ДПА Предводени од партиското раководство, неколку илјади членови и симпатизери на ДПА вчера со протестен марш го изразија незадоволството од предложената територијална поделба. Тие побараа од владејачката ДУИ да го искористи правото на вето и да не дозволи да биде изгласан ...
Од трговскиот центар Чаирчанка почна протестниот марш на симпатизерите и членовите на Демократската партија на Албанците. Крајната дестинација на маршот беше платото на Македонскиот Народен Театар. Улиците по кои се движеше колоната симболично ги одбележа границите на општината која ја бара оваа ...
ПРОТЕСТЕН МАРШ ОД ЧАИР ДО КАМЕНИОТ МОСТ Членови на Демократската партија на Албанците денеска преку протестен марш ќе го искажат незадоволство од предложената територијална организација на Скопје, бидејќи сметаат дека новата „кројка“ ги маргинализира припадниците на албанската заедница, изјави ...
ВО ПОТРАГА ПО ЗАЕДНИЧКА ОСНОВА "Албанците немаат подобар избор за претседател од мене", ги убедувал Борис Трајковски Арбен Џафери и Мендух Тачи кога во вторникот им дошол на гости во Тетово Претседателот Борис Трајковски во вторникот во Тетово бил на гости кај лидерската двојка на ДПА Арбен Џафери ...
На денешниов протест Демократската партија на Албанците денеска ќе организира протестен марш кој ќе почне кај трговскиот центар ?Чаирчанка", а ќе заврши пред платото на МНТ, со што ?симболично ќе се одбележи" нивното барање за формирање општина Кале во тие граници.
ГЛАС ПРОТИВ ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА Со предложената територијална поделба се создаваат етнички енклави според српскиот модел и се маргинализира албанското население. На денешниот марш, кој ќе почне од "Чаирчанка", а ќе заврши пред платото на Македонскиот народен театар, ќе го изразиме нашето ...
Демократската партија на Албанците утре со протестен марш по улиците од левата страна на Вардар ќе го изрази своето незадоволство против предложената нова територијална поделба. Според нив проблемот со децентрализацијата на власта на државно ниво, треба да се реши со 29 општини.
СКОПСКИТЕ РАЗГРАНОЦИ НА ДПА НА ПРОТЕСТЕН МАРШ Да се формира општина Кале, кон Скопје да се приклучат неколку рурални општини и албанскиот да биде службен јазик во Скопје се барањата на ДПА за што скопските разграноци на партијата денеска ќе организираат протестен марш од Чаир до платото пред МНТ.
В ПЕТОК ПРОТЕСТ НА ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ Со последните измени на територијалната поделба се направени големи неправди кон албанското население смета ДПА Демократската партија на Албанците бара поддршка од сите албански партии за да се формира нова општина Кале, со цел мнозинската ...