„Да и застанеме на патот на војната“ е мотото на антивоениот караван што утре напладне од пред бистата на Мајка Тереза во Скопје ќе тргне за Багдад. Жарко Јордановски, Мирко Христов и група нивни пријатели - истомисленици пеш, без визи, пасоши и „со пари од добри луѓе“ сакаат да стигнат во Багдад ...
Американски авиони попладнево започна воздушен напад врз Багдад, јавија дописниците на западните медиуми од ирачкиот главен град. Во градот се слушале експлозии и истрели од автоматско оружје. Ирачката противвоздушна одбрана не се огласила на нападите.
Американскиот претседател Џорџ Буш денеска повторно изрази задоволство од „напредокот на американско-британските сили на ирачкиот фронт“ и изјави оти ослободувањето на земјата е многу блиску. Буш во неделното радиообраќање истакна дека војната во Ирак јасно покажала оти „слободните нации не треба ...
Околу 20 американски тенкови изутрината навлегле во Багдад, додека ирачките сили давале отпор со истрели од артилериско оружје, тврдат американски извори. Ирачките власти ги негираа ваквите тврдења и додаваат дека го контролираат багдадскиот аеродром.
Конвој на американските сили пристигнува на меѓународниот аеродром Садам, на 10 километри од Багдад КАМПОТ АЛ САЈЛИЈА, 5 април (Ројтерс) - Американските вооружени сили со воени авиони во заднината вчера го обезбедија аеродромот во Багдад, додека цивилите во градот се соочија со прекин на струјата и ...
Багдад е главен град на Ирак од 1920 година, и денес има пет милиони жители. Градот е на бреговите на реката Тигар, на 850 квадратни километри. Важи за најголемите метрополи во арапскиот свет и претставува најголем политички, економски и културен центар.
По многубројните шпекулации за неговата судбина БАГДАД - Ирачката сателитска телевизија во четвртокот вечерта покажа снимки од претседателот Садам Хусеин кој претседаваше на состанокот со високите министри. Телевизискиот презентер јави дека Садам расправал за борбената подготвеност на ирачките сили ...
По освојувањето на аеродромот и доаѓањето на сојузничките сили пред портите на ирачката престолнина Борбата за градот ќе се одвива чекор по чекор ВАШИНГТОН - Целите на битката за Багдад ќе бидат микрокосмос на самата војна: уништување на силите кои го поддржуваат претседателот Садам Хусеин, ...
ПО ЖЕСТОКО БОМБАРДИРАЊЕ НА ИРАЧКИТЕ ПОЗИЦИИ Големата битка за контрола на аеродромот траела неколку часа, при што биле убиени најмалку 320 ирачки војници Третата пешадиска дивизија на американската војска вчера го зазеде меѓународниот аеродром "Садам" јужно од Багдад по "пеколна ноќ", во која ...
Багдад е главен град на Ирак од 1920 година, и денес во него живеат пет милиони жители. Површината на градот, што се наоѓа на бреговите на реката Тигар, опфаќа 850 квадратни километри. Багдад важи за најголемите метрополи во арапскиот свет и претставува најголем политички, економски и културен ...
Во текот на денов американската војска воспоставува контрола врз багдадскиот аеродром кој од „Садам“ веднаш е прекрстен во Меѓународен аеродром во Багдад, јавија американски извори. Пистите на аеродромот не можат да бидат користени за полети од страна на лидерите на режимот кои посакале да ...
И натаму контгроверзни извештаи за напредувањата кон Багдад - Американците тврдат дека се на 10 километри од градот, Ирак вели дека не се ни блиску до таму БАГДАД, 4 април (Ројтерс / АП) - Американските специјални сили вчера објавија дека успеале да влезат и во една од палатите на Садам Хусеин во ...
Американските оклопни единици вчера практично без отпор се пробија на само 10 километри од Багдад и се подготвуваат да го заземат аеродромот во градот, јави американската војска. Четири елитни дивизии на ирачката Републиканска гарда се движат кон југ, јавија американските офицери, подготвувајќи се ...
ОТКАКО СОЈУЗНИЦИТЕ СТИГНАА ДО ПРАГОТ НА ИРАЧКИОТ ГЛАВЕН ГРАД Командоски одреди, според неофицијални извештаи, веќе дејствуваат во Багдад Американска оклопна извидница вчера се приближи на само 10 километри до Багдад, а елитните ирачки дивизии на Републиканската гарда се прегрупираа пред главниот ...
воЈна во ирак Американска оклопна извидница вчера се приближи на само 10 километри до Багдад, а елитните ирачки дивизии на Републиканската гарда се прегрупираа пред главниот град, со што полека се дефинираат позициите за очекуваната "битка над битките" во ирачката војна.
Американските сили се приближиле на само 10 километри од Багдад, напредувајќи по две насоки јужно од градот - преку Еуфрат од лево и по течението на Тигар од десно, јавија „Ројтерс“ и „Којодо“. Двајца американски војници се убиени при напад со рачна граната што се случил денеска западно од реката ...
Американците тврдат дека трупите на југоисток ја минале реката Тигар и го освоиле Кут, а на југозапад Карбала и Наџаф, но ирачките власти тврдат дека тие лажат БАГДАД, 3 април (Ројтерс/АП) - Американските трупи кои се претходница на походот кон Багдад од југозапад вчера стигнаа на само 30 километри ...
Порака БАГДАД - Во вторникот, ирачкиот претседател Садам Хусеин го повика ирачкиот народ "насекаде" да се бори против американскиот окупатор и им рече дека џихадот (светата војна) е нивна должност. Во пораката која беше прочитана на државната телевизија пишувало: "Удрете на нив...Удрете на нив...
ПО НЕКОЛКУДНЕВНО ЗАТИШЈЕ, КООРДИНИРАНа офанзива НА СОЈУЗНИЦИТЕ Сојузниците наскоро ќе го опколат Багдад, но веројатно нема да го нападнат се додека не пристигне засилувањето од стотина илјади војници Американски маринци првпат се пробија преку реката Тигар, а авиони со бомби "дејзи катер" од по ...
Американските сили го заземаа стратегиски важниот град Ал Кут, кој се наоѓа југоисточно од Багдад, соопшти денеска началникот на Централната команда на САД во Катар, генерал Винсент Брукс. Брукс изјави дека пред освојувањето на Ал Кут амерканските војници ја уништиле и дивизијата „Багдад“ на ...
Деца повредени во бомбардирањето на Багдад - во последниве 24 часа од бомбите загинале 19 цивили во градот БАГДАД, 2 април (Ројтерс) - Нови експлозии ги потресоа северните и западни предградија на Багдад вчера околу пладне (9 часот по средно европско време) по ноќните бомбардирања чија цел биле ...
Демнат БАГДАД - Помошниците на Садам Хусеин вчера ги негираа американските информации дека некои членови на семејството на претседателот заминале во странство и истакнаа дека судбината на Садам и неговите роднини остануваат врзани со судбината на ирачкиот народ.
Москва и војната во Ирак Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Русија беше против војна во Ирак не поради тоа што ни се допаѓа Садам Хусеин, туку поради тоа што не сакаме САД да напаѓаат земја чија политика не им се допаѓа. Сега тоа е Ирак, а утре тоа може да биде Сирија, Иран, Кореја итн.
ОТКАКО АМЕРИКАНЦИТЕ ДОБИЈА НАРЕДБА ДА СТРЕЛААТ ВРЗ СОМНИТЕЛНИТЕ ВОЗИЛА Американски маринци во два инциденти по грешка застрелаа осум ирачки цивили на контролни точки, применувајќи ја новата тактика да отвораат оган врз сите сомнителни возила, јави Ројтерс.
БАГДАД , 1 април (Ројтерс) - Две силни експлозии го потресле центарот на Багдад вчера изутрина при што била погодена претседателската палата во која прстојувал синот на ирачкиот претседател Ксај Хусеин. БАГДАД , 1 април (Ројтерс) - Две силни експлозии го потресле центарот на Багдад вчера изутрина ...
По американските воздушни напади врз Багдад, при што загинаа многу цивили КАИРО - Вознемирувачко чувство на навреда од претседателот Буш и САД се почувствува во арапскиот свет кога телевизиските станици и весниците јавија за американскиот воздушен напад, во кој ирачки официјални лица тврдат дека ...
За време на вчерашните напади врз ирачката престолнина Државната телевизија која Садам ја користи за да и се обрати на нацијата, во утринските часови беше во прекин. Извор од Министерството јави дека прекинот, веројатно, бил предизвикан од експлозија.
БАГДАД - Во јужните предградија на Багдад вчера се водеа престрелки од интензивен артилериски оган додека воените авиони од силите за инвазија, предводени од САД, летаа ниско над ирачката престолнина, јави дописник на Ројтерс од центарот на градот. "Артилерискиот оган одеднаш стана многу силен.
ПО ПРОГЛАСУВАЊЕТО "ПАУЗА" ВО ОФАНЗИВАТА Американски единици вчера се судрија со ирачки сили блиску до античкиот град Вавилон јужно од Багдад, но главнината на сојузничките трупи се утврди на позициите меѓу Наџаф и Карбала на западниот брег на Еуфрат, очекувајќи засилување и резерви, јави Ројтерс.
Шест ирачки цивили се убиени, а десетина се повредени во денешното бомбардирање на еден станбен кварт во Багдад, соопштија болнички извори. Светските агенции јавија дека во тој дел на градот се уништени „шест домови“. Изутрината во пет часот по локално време две бомби на сојузничките авиони го ...
ИРАК (АП) - Вчера, илјадници американски маринци влегоа во областа јужно од Багдад во така наречени "барај и уништи" напади, со цел да го исчистат патот кон главниот град на Ирак и да им стават крај на нападите. ИРАК (АП) - Вчера, илјадници американски маринци влегоа во областа јужно од Багдад во ...
Вашингтон, 31 март (АП) - Багдад и други ирачки градови се преполни со групи агенти ЦИА, кои чекаат да го убијат ирачкиот претседател Садам Хусеин и неговите блиски соработници. Според "Вашингтон пост", во овие групи има снајперисти и експерти кои веќе 10 дена се наоѓаат во Ирак.
Американската операција за демонтирање на Садам ниту шокира, ниту предизвика стравопочит ВАШИНГТОН - Иако е потомок на семејство инволвирано во политиката и во јавните служби, Џорџ В. Буш останува млад претседател кој дојде во Белата куќа со релативно ограничено знаење за светот и за неговите зла.
Сојузничките сили ќе паузираат додека добијат засилување БАГДАД - Багдад вчера беше изложен на немилосрдно бомбардирање додека американските војници јавија дека нивното копнено напредување кон градот би можело да биде одложено со недели.
ОТКАКО СОЈУЗНИЧКИТЕ СИЛИ ИЗБРЗАА СО ИНВАЗИЈАТА Британски офицер вчера изјави дека сојузниците итно ја преорганизирале тактиката откако во саботата во самоубиствен напад со возило кај Наџаф загинаа четири американски војници Американските копнени трупи што се пробија во централен Ирак добиле наредба ...