Поединечни рафални и истрели од автоматско оружје во текот на ноќта се слушаа од поширокиот кризен регион на Тетово. Албанските терористи повремено отвораа оган од автоматско оружје не само од селата, туку и од населби во градот.
Албанските терористи во тетовскиот кризен регион и ноќеска продолжија да стрелаат со поединечни и рафални истрели. Почнувајќи од синоќа до раните утрински часови непочитување на полицискиот час и истрели имало од повеќе делови на Тетово и приградските населби, истрели се регистрирани од правец на ...
Во кризните региони и ноќеска албанските терористи стрелаа од пешадиско оружје и продолжија со непочитување на полицискиот час. Поединечни и рафални истрели имаше од делови во Тетово, приградските населби и подшарпланинските села, а продолжува и ограбувањето имоти на Македонци.
Околу 4 часот изутрина во близина на полициската станица „Жито Шар“ во Гостивар експлодирала бомба кашикара. Како што соопшти МВР, нема повредени, а направена е само материјална штета. Измината ноќ во Тетово повторно била исполнета со голем број рафални истрели, кои доаѓале од реонот на селата ...
Албанските терористи синоќа во тетовскиот регион ги започнаа редовните провокации, а истрели од огнено оружје беа забележани и во гостиварскиот регион, како и во кумановското кризно подрачје, соопшти денеска министерството за внатрешни работи.