ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ СРЕДБАТА НА КЛИНТОН СО МАКЕДОНСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЌЕ БЕШЕ ФАНТАСТИЧНА. ИСТО КАКО ГОЛЕМИНАТА НА ПИПЕРКИТЕ Смртта на Борис Елцин погоди многу светски лидери, сегашни и поранешни. Некои од нив отидоа лично на неговиот погреб, а многу од нив ја имаат напишано светската ...
Што загуби Македонија со неприсуството на државниот врв на погребот на Елцин во Москва? Се пропушти можноста да се поклони пред човекот што меѓу првите ја призна Република Македонија под уставното име Борис Николаевич Елцин, првиот демократски избран претседател на модерна Русија почина.
МОСКВА, 26 април (Ројтерс) - Расплаканата вдовица на Борис Елцин застана над неговиот отворен ковчег за да му го бакне лицето, неколку минути пред првиот претседател на независна Русија да биде закопан со полни државни почести на вчерашниот погреб.
Несомнен е позитивниот став на Руската Федерација спрема осамостојувањето на Македонија Ахил Тунтев Руската Федерација се прости од својот поранешен претседател Борис Николаевич Елцин кој, секако, ќе остане запаметен во современата историја на рускиот народ.
Покојниот руски претседател беше голем пријател на Македонија БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Смртта на поранешниот руски претседател Борис Елцин ги затече Владата и шефот на државава, па на неговиот погреб во Москва, по сопствена желба, бил испратен вицепремиерот Живко Јанкуловски.
Првиот претседател на Русија по распадот на СССР погребан со државни почести и според православните обичаи Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - На Новодевствените гробишта во Москва вчера попладне беше погребан Борис Елцин, првиот претседател на Русија по распадот на СССР.
Комунистичките депутати во Думата одбија да станат кога пратениците со едноминутно молчење му оддадоа почит на поранешниот претседател на Русија Русија и државници од целиот свет вчера се простија од поранешниот руски претседател Борис Елцин, кој со највисоки државни и црковни почести беше погребан ...
Во историјата на руската држава Елцен ќе влезе и како прв претседател чиј погреб го одобри канонски тврдата Руска православна црква, по погребот на царот Александар 3 во 1894 година На московските гробишта во манастирот "Новодевичи" вчера се погребани посмртните останки на првиот демократски избран ...
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, Премиерот Никола груевски и првиот претседател Киро Глигоров, во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, по повод смртта на поранешниот претседател на Руската Федерација Борис Елцин, се потпишаа во книгата на жалост.
Македонска делегација, предводена од заменик- претседателот на Владата Живко Јанкулоски му оддаде последна почит на поранешниот претседател на Руската Федерација Борис Елцин, во светиот храм "Христос Спасителот" во Москва. На прошталната церемонија, беа најавени да присуствуваат и поранешните ...
Борис Николаевич Елцин е погребан попладнево на гробиштата Новодевичје во Москва со воени почести. Од поранешниот претседател на Русија последни се простија сопругата Нина, на која и беше предадено руското знаме што го прекриваше ковчегот и роднините.
Пратениците на руската Државна дума со едноминутно молчење му оддадоа почит на првиот избран руски претседател Борис Елцин, кој почина завчера, додека пратениците на фракцијата на Комунистичката партија на Русија (КПРФ) одбиваа да станат и да му оддадат почит на Елцин.
МОСКВА, 25 април (Ројтерс) - Стотици Руси вчера чекаа во редици пред Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва за да му оддадат последна почит на некогашниот руски претседател Борис Елцин, човекот кој го растури Советскиот Сојуз и ја поведе Русија во првите хаотични години на независност.
По враќањето од Јордан и Израел, каде што престојуваше од 25 март до 2 април, во Москва почна да се чувствува многу лошо МОСКВА - Во најголемата црква Храмот на Исус спасителот вчера попладне беше донесен сандакот со телото на починатиот Борис Елцин.
Елцин и таткото на Перестројката Горбачов не се поднесуваа, но во едно беа слични: сакаа да бидат фалени на Запад Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Ако се остават настрана изјавите во духот на онаа христијанска реченица „за мртвите се' најдобро“ како и претераното постхумно фалење на ...
Елцин имаше его на титан и постојана желба да биде во главната улога на политичкиот театар , и во трагедиите и во комедиите Борис Елцин еднаш го прашаа да го посочи својот најголем успех како претседател. Тој одговори дека, над се', сакал спокојство во Русија.
По официјалната погребна церемонија во московскиот храм „Христос Спасител“, со воени почести беше погребан поранешниот руски претседател Борис Елцин, пренесува МИА. Москва, 25 април (МИА) - Поранешниот руски претседател Борис Елцин кој почина во понеделникот на 76 години, денеска ќе биде погребан ...
Претседателот и премиерот повторно во кавга. Овој пат причината е зошто ниту Црвенковски ниту Груевски не беа денеска во Москва на погребот на поранешниот руски претседател Борис Елцин. Владиниот портпарол ја отвори расправијата со кабинетот на шефот на државата во своето објаснување зошто ...
Утрешниот погреб на Елцин, според најавите, ќе ги собере на едно место светската политичка елита, поранешни и сегашни лидери. Македонија ја претставува вицепремиерот задолжен за земјоделство и образование Живко Јанкуловски. Како изгледа оваа иницијална листа? Меѓу другите, поранешните претседатели ...
Рускиот претседател Владимир Путин го прогласи 25 април за ден на жалоста по повод смртта на првиот претседател на Русија Борис Елцин , соопшти Кремљ. Елцин ќе биде погребан на 25 април на московските гробишта Новодевичје, каде се погребани многу руски великани, а граѓаните ќе можат да се простат ...
МОСКВА, 24 април (АП) - Борис Елцин, кој го финализираше распадот на Советскиот Сојуз и ја поведе Русија на пат кон демократијата и пазарната економија како првиот посткомунистички претседател на државата, почина на 76 години, соопшти вчера Кремљ.
Борис Николаевич беше првиот народно избран лидер во историјата на Русија Почина поранешниот руски претседател Борис Елцин, јавија вчера руските медиуми, повикувајќи се на соопштението од Кремљ. Елцин беше првиот демократски избран претседател на Русија откако Михаил Горбачов поднесе оставка како ...
Поранешниот руски претседател Борис Николаевич Елцин почина вчера на возраст од 76 години. Причината за смртта на Елцин вчера не беше објавена, но тој долго имаше проблеми со срцето . На почетокот на вториот претседателски мандат, во 1996 година, хирурзите му вградија петкратен бај-пас на срцевата ...
Поранешниот рускиот претседател Борис Елцин вчера почина на 76-годишна возраст, соопшти портпарол на Кремљ. Тој во два мандата беше претседател на Русија, а него го замени сегашниот руски претседател, Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ не ги соопшти причините за смртта на ...
Почина Борис Елцин, првиот демократски избран претседател на Русија, човекот кој ја донесе демократијата во Русија. Беше на власт од 1991-ва до последниот ден на дваесеттиот век, кога се повлече предавајќи му ја должноста на Владимир Путин. Во бурната политичка кариера Елцин имаше падови и успеси.