„Секое парче предадено оружје е успех, бидејќи на тој начин ќе се намали можноста за негова употреба против граѓаните на Република Македонија“- изјави министерот за внатрешни работи Хари Костов. „Должината на акцијата од 45 дена не менува ништо ако сите граѓани не станат свесни дека оружјето ...
Низ цела Македонија има предадено оружје на сите пунктови од страна на граѓаните. Но и по вториот изминат ден од акцијата официјалните лица не соопштуваат конкретни бројки за и типот на предаденото оружје и минско експлозивните средства.
На денешниот прв ден од акцијата струмичани не беа расположени да почнат да се разоружуваат. А како потврда на тоа e и неофицијалната информација дека на собирниот пункт не е предадено ниту едно парче на илегално оружје. Со 2,5% учество во вкупните инциденти со илегално оружје Струмица се наоѓа на ...
Регионалната комисија податоците ги предава во оперативниот центар, така што нема податоци за тоа колку има предадено оружје. Специфичен случај беше во Желино на пунктот биле оставени повеќе мински експлозивни средства од непознато лице. Веднаш била алармирана полицијата и мините биле отстранети.
Владимир Пандовски од националната асоцијација за оружје во интервју за А1 објаснува за разоружувањето во Македонија. А1: Името асоцијација за оружје потсетува како Вие да имате оружје. Имате ли оружје? Владимир Пандовски: Да, јас сум поранешен спортски стрелец.
Денеска во 9 часот започна акцијата за собирање на нелегалното оружје во Македонија. Проблеми со отварање на собирните пунктови имаше во општините Арачиново, Липково и Студеничани. Проблеми со собирните пунктови имаше во Липково, Арачиново и студеничани.
ПОЧНУВА АКЦИЈАТА ЗА ДОБРОВОЛНО ПРЕДАВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНОТО ОРУЖЈЕ ВО МАКЕДОНИЈА Денеска почнува акцијата за предавање на нелегалното оружје, а на овој многу очекуван настан вчера му претходеше марш низ центарот на Скопје, со што граѓаните го искажаа својот став против убиствените направи Од плоштадот ...
Денеска ќе почне акцијата за доброволно предавање на илегалното оружје Сашко Димевски Со маршот против оружјето на неколку стотини граѓани, пратеници, припадници на Армијата, невладини организации и здруженија, вчера во Скопје завршија подготовките на големата акција за разоружување која официјално ...
ОД ДЕНЕСКА ДО 15 ДЕКЕМВРИ Властите велат дека се е подготвено за собирање на нелегалното оружје Долгопланираната акција за доброволно предавање на илегалното оружје од страна на граѓаните ќе почне денеска во 09 часот и ќе трае до 15 декември.
Регионалната комисија за Шестата изборна единица вчера соопшти дека нелегалното оружје ќе се собира на 23 локации или пунктови. Во поширокиот тетовски регион акцијата ќе се спроведе на 10 собирни пунктови. За општина Тетово пунктот е лоциран во овоштарникот на ЗИК Тетово во близина на Петрол ...
Акцијата за доброволно предавање на нелегалното оружје во липковската општина денеска не започна. Градоначалникот на Липково Хусамедин Халили денеска го повика локалното население да ја бојкотира акцијата за разоружување, што од нивна страна е целосно Акцијата за доброволно предавање на нелегалното ...
Сите собирни пунктови и локални комисии, освен за општина Дебар, од каде се уште нема информации, се оперативни и ќе започнат со работа за собирање на оружјето што нелегално го поседуваат граѓаните според предвиденото. Ова го истакнаа денеска на прес-конференција во Тетово претставниците на ...
Од плоштадот „Македонија“ попладнево започна Маршот против оружјето, организиран од Координативното тело за спроведување на Законот за доброволно предавање и собирање на оружјето, муницијата и експлозивните материи и за легализација на оружјето.
Локалната комисија од Центар за доброволно собирање на нелегалното оружје ги информира граѓаните дека пунктот за собирање на оружјето ќе биде под Кале, на полигонот на Автомото сојузот на Македонија - АМСМ. Акцијата ќе започне на 1 ноември од 9 до 16 часот, а ќе трае до 10 ноември.
ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Деканите, професорите и студентите на скопските факултети денеска во 15 часот ќе му се приклучат на "Маршот против оружјето" што ќе почне на плоштадот "Македонија". Поворката ќе се движи преку Камени мост до Бит-пазар, Судската палата, покрај зградата на Црвениот крст, пред ...
"Марш против оружјето", спроти утрешниот почеток на акцијата за предавање на нелегално поседуваното оружје, ќе се одржи денеска низ повеќе градови во Македонија. "Маршот" во Скопје ќе почне во 15.00 часот од плоштадот "Македонија", од ка "Марш против оружјето", спроти утрешниот почеток на акцијата ...
ЕУ, ОБСЕ И "КОНКОРДИЈА" СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО КАМПАЊАТА ЗА ДОБРОВОЛНО РАЗОРУЖУВАЊЕ Одбивањето да се соработува во акцијата за разоружување може да ја дисквалификува општината понатаму да добива финансиска помош од меѓународната заедница, соопштија вчера портпаролите на ЕУ,ОБСЕ и на Општините кои нема да ...
Координативното тело за разоружување в петок организира марш низ 12 града во земјава Македонските пратеници, в петок, еден ден пред стартот на акцијата на разоружување, ќе му се приклучат на "Маршот против оружјето", кој во 15 часот ќе тргне од Градскиот плоштад во Скопје и 12 града низ Македонија.
ОПСТРУКЦИИ ДЕБАР - ?Ние сме многу заинтересирани овој проект да успее. Меѓутоа, тргнувајќи од фактот дека она што е напишано во Охридскиот договор не е целосно реализирано, а во што е убеден и меѓународниот фактор, кој едноставно бараше пролонгирање, мислиме дека Законот за предавање на оружјето ...
УТРЕ ВО СКОПЈЕ Пратениците утре ќе ја прекинат парламентарната седница и ќе му се приклучат на "Маршот против оружјето", спроти почетокот на операцијата за разоружување, изјавија вчера двајцата потпретседатели на Собранието, Лилјана Поповска и Агрон Буџаку.
разоружување Меѓународната заедница ги повика сите граѓани на Македонија што поседуваат нелегално оружје да го предадат во периодот предвиден за негово собирање и со тоа да придонесат за иднината на државата. - Акцијата за собирање на оружјето претставува важна операција, бидејќи безбедната средина ...
Македонските пратеници в петок ќе ја прекинат собраниската седница и ќе му се приклучат на "Маршот против оружјето", со што ќе дадат директна поддршка и ќе упатат повик до сите граѓаните да се приклучат на Маршот, а подоцна и во акцијата за доброволно пре Македонските пратеници в петок ќе ја ...
Пратениците во собранието на РМ ќе учествуваат во маршот за разоружување на 31-ви октомври давајќи поддршка на престојната акција за собирање на нелегалното оружје во Македонија, што започнува во сабота. „Институциите на системот на РМ функционираат и низ нив треба да се решаваат сите барања.
Меѓународната заедница денеска пред почетокот на акцијата за собирање на нелегалното оружје во Македонија предупреди дека финансиска поддршка нема да добијат општините кои ќе одбијат да соработуваат во оваа операција. „Акцијата за собирање на оружјето претставува важна операција, бидејќи илегалното ...
Предавањето на оружјето е неминовност кој во ова време треба да се случува зотп среќата што тоа ја носи е голема колку цевката на оружјето. Тоа е огромна потреба во овие времиња зошто дојде време да војуваме со злото во себе, ако сакаме да се надеваме дека утре подобро да живееме.
Пропуштена шанса за ставање под контрола на дел од оружјето >„Со оглед на тоа што ниту едно парче оружје не е легализирано во изминативе три месеци откако тече легализацијата на бесправно набавено оружје, македонските институции ја пропуштија шансата барем дел од нелегалното оружје да го стават под ...
Координативното тело ги привршува подготовките за почеток на акцијата за разоружување Три дена пред официјалниот старт на операцијата за разоружување во земјава, Координативното тело вчера ги разгледа сите аспекти на подготовките на оваа исклучително значајна државна акција и притоа констатира дека ...
Според извештајот на британската организација „Safeworld“, објавен овој месец- во Македонија има околу 100.000 парчиња нелегално оружје. Најголем дел од оружјето, дошло од Албанија по граѓанската војна во 1997-та, кога таму биле украдени 650.000 парчиња оружје.
Координативното тело за разоружување денеска донесе одлука за формирање на 3 комисии за уништување на нелегалното оружје што ќе биде доброволно предадено од 1-ви ноември до 15-ти декември. Металните делови ќе се топат во топилницата на „Макстил“ во Скопје, а експлозивните средства ќе се уништуваат ...
Не дозволувајте да ги снајде нашите деца она што нас ни се случи, велат инвалидите во Македонија кои настрадале од оружје и експлозивни средства, со апел за враќање на оружјето како најголемо зло. „Бомбите се страшна работа. Јас моето децтво го поминав во темница.