Премиерот Бранко Црвенковски пред неколку дена од Романија порача дека нема место во Македонија каде полицијата не може да влезе. МВР вчера влезе во Булачани и се обиде да го уапси Диме Ицковски Поштар обвинет за тешки кражби. Но излезе со празни раце.
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПСКОТО СЕЛО БУЛАЧАНИ Диме Ицковски познат по прекарот "поштарот", баран по потерница на МВР за дослужување затворска казна, ги надитрил полицајците, го пробил обрачот околу неговата куќа и побегнал во шумата Диме Ицковски со прекар "поштар", баран по потерница на МВР,вчера и ...
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО скопско БУЛАЧАНИ Селаните не го даваат бараниот криминалец без амнестија Дваесетина полицајци со автоматски пушки вчера утрото во скопското село Булачани ја сардисаа куќата на поранешниот полицаец Диме Ицковски и се обидоа да го уапсат, но не успеаја.
Дваесетина полицајци ја опколиле куќата во кој живее Диме Ицковски но неуспешно веднаш по акцијата тој избегал во околината на селото. МВР го бара со потерница заради бегство од затвор и кривични пријави за потешки кражби. Рафалите и куршумите не го спречиле Поштар да избега од својата куќа.