По фијаското на последната рунда преговори за името, експертските ставови поделени, од оценки дека Македонија треба да влезе во НАТО заради стабилноста на регионот, до сугестии да се прекинат разговорите во Њујорк. Ако НАТО сака безбедност во регионот, ако го респектира македонското учество во ...
После вчерашниот очекуван дебакл во Њујорк, решение за Македонија да добие покана во НАТО, сепак постои, изјавуваат дипломатски извори за А1. Единствен излез сега е Грција да се согласи на т.н. суспендирана покана, варијанта која се разгледува како опција, Македонија да ја добие поканата со услов ...
Софија Две третини од Бугарите го поддржуваат присоединувањето на Македонија во Европската унија(ЕУ), а само 12 проценти се против. Ова го покажуваат резултатите од проучувањето на Националниот центар за испитување на јавното мислење, спроведено меѓу 28 февруари и 5 март.
Вашингтон Членките на Јадранската група ги исполнија критериумите и треба да влезат во НАТО во интерес и на стратешката стабилност, оцени Американскиот Сенат. Ова, како што јавува Макфакс, е оценка од дебатата на тема „НАТО: Проширување и ефекти” одржана во Комисијата за надворешни односи на ...
Американскиот претседател Џорџ Буш изрази надеж дека на претстојниот самит на НАТО, земјите членки на Јадранската група, Хрватска, Македонија и Албанија, ќе бидат известени дека ги исполниле критериумите за прием во НАТО, јави Хрватската државна телевизија, известувајќи за средбата меѓу Буш и ...
Дипломати на НАТО велат дека Хрватска, Албанија и Македонија ги исполнија критериумите за покана Августин Палокај Дописничко биро на ВАЦ Брисел - Само еден месец пред самитот на НАТО во Букурешт земјите-членки на НАТО се многу блиску до постигнување целосен консензус во однос на поканите за три ...
Македонија половина година е без амбасадор во Букурешт, каде што за еден месец се одржува самитот на НАТО од кој земјава очекува историска одлука за себе. Амбасадорската позиција во Романија останува празна и по последниот бран амбасадорски назначувања.
Американскиот претседател Буш и генералниот секретар на НАТО Шефер на вчерашната средба во Вашингтон разговарале и за прашањето за името, потврди Шефер, без да сака да навлезе во содржината на дискусијата. Американскиот претседател Буш и генералниот секретар на НАТО Шефер на вчерашната средба во ...
Софија Бугарија го поддржува приемот на Македонија, Хрватска и Албанија во НАТО изјави денеска во Софија министерот за одбрана Веселин Близнаков. “За нас, како држава на Балканот, многу е важно трите држави Македонија, Хрватска и Албанија, да станат членки на Алијансата“, рече министерот Близнаков ...
Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш изрази надеж дека на престојниот самиот на НАТО, Македонија, Хрватска и Албанија ќе бидат известени оти ги исполниле условите за членство во Алијансата. Ова Буш му го пренел на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, на вчерашната средба што се ...
Киев Илјадници активисти протестираа во црноморското пристаниште Симферопољ поради можниот прием на Украина во НАТО, како и против претстојната посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Украина. Симпатизерите на проруската партија протестираа против барањето на Украина да пристапи кон ...
Букурешт Последни проверки на капацитетот на полицијата за осигурување на безбедноста во текот на претстојниот самит на НАТО во Букурешт се одржуваат деновиве. Околу 12 илјади припадници на Министерството за внатрешни работи, во рамки на последните проверки, ќе симулираат предвидливи сценарија.
Букурешт Лидерите на НАТО во среда до петок на Самитот во Букурешт ќе бараат одговори на новите и старите предизвици - ширењето на алијансата со три нови членки, како и операциите во Авганистан и на Косово, односите со Русија и антиракетниот штит.
Киев Неколку илјади демонстранти протестираат денеска во Киев против интеграцијата на Украина во НАТО, но и против посетата на американскиот претседател Џорџ Буш. Протестите ги организираат Комунистичката партија и Прогресивната социјалистичка партија на Украина.
Вашингтон Генералниот секретар на НАТО Јаап де хоп Шефер очекува Македонија и Грција да бидат флексибилни и да изнајдат решение за проблемот со името. „Се надевам дека во престојните 22 дена до Самитот на НАТО во Букурешт може да се најде решение и оти по тоа прашање има флексибилност од сите ...
Букурешт Позицијата на Романија дека нема да го признае Косово останува непроменета и врз неа нема да влијае одлуката на Бугарија, Хрватска и Унгарија да ја признаат независноста на јужната српска покраина. „Запознати сме со одлуките на властите на трите држави, но тоа нема да ги промени ставот, ...
Претстојниот самит на НАТО во Букурешт се најавува како самит на проширување. Планот на Алијансата е да ја отвори вратата за членство за земјите од Јадранската група - Хрватска, Албанија и Македонија. Првиот човек на НАТО, Јап де Хоп Шефер, денеска е во Вашингтон, каде со американскиот претседател ...
Портпаролот на Алијансата изјави дека прашањето за името е важно за НАТО Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Иако има само шест дена до одлучувачкиот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, во Брисел и натаму инсистираат проблемот со името да се реши до 6 март, но ...
ЧОРОЈАНУ ГОСТИН НА МИЛОШОСКИ Романија е убедена дека Македонија ќе стане земја-членка на НАТО на самитот што го организира во Букурешт. Адријан Чоројану, шеф на романската дипломатија, го најави самитот како најголем настан во историјата на Алијансата.
„Романија целосно ја поддржува Македонија во европските и евроатлантските интеграции и е подготвена да ги сподели и да ги пренесе своите искуства на тоа поле“, изјави во Скопје шефот на романската дипломатија, Адријан Чоројану.
ВАШИНГТОН - „Македонија треба да биде примена во НАТО“, изјави во понеделникот американскиот сенатор Ричард Лугар. Поканата за влез во Алијансата се очекува да биде упатена во почетокот од април. Македонија со години води кампања за влез во НАТО.
Македонија и Романија вчера потпишаа протоколи за соработка во областа на образованието и за изменување на Договорот помеѓу владите на двете земји за поттикнување и заемна заштита на инвестициите. Протоколите од романска страна ги потпиша шефот на романската дипломатија Адријан Чоројану, а од ...
Романија целосно ја поддржува Македонија во европските и евроатлантските интеграции и е спремна да ги сподели и пренесе своите искуства, изјави романскиот министер за надворешни работи Адриан Чоројану, по средбата со македонскиот колега Антонио Милошоски во Скопје.
Романија е убедена дека Македонија ќе стане земја членка на НАТО на самитот што го организира во Букурешт. Шефот на романската дипломатија го најави самитот како најголем настан во историјата на Алијансата. „Самитот во Букурешт не само што ќе биде најголем настан што некогаш е организиран во ...
Генералниот секретар на НАТО Шефер, инсистирал на средбата со претседателот Црвенковски на решение за името пред самитот, дознава А1 од дипломатски извори. Она што му било предочено на претседателот дека името не е критериум, не е предуслов за членство.
ПРЕД САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ Состанокот на министрите за надворешни работи од земјите-членки на НАТО, закажан за 6 март во Брисел, ќе биде последниот собир пред самитот на Алијансата во Букурешт од 2 до 4 април 2008 година.
Адријан Чоројану Проширувањето е една од најуспешните политики на Унијата што стимулира просперитет на општествата, смета шефот на романската дипломатија Димитар Чулев Романија ќе биде домаќин на самитот на НАТО во почетокот на април.
Во дводневна посета на Република Македонија вчера допатува министерот за надворешни работи на Романија Адријан Чоројану. Размената на мислења, исто така, ќе се однесува и на претстојниот самит на НАТО, кој од 2 до 4 април ќе се одржи во Букурешт.
Нацрт-резолуција за поддршка на Македонија, Хрватска и на Албанија за влез во НАТО беше поднесена завчера во американскиот Сенат, соопшти секретаријатот на Сенатот. „САД треба да демонстрираат лидерство и да поддржат испраќање покана за влез во НАТО до Македонија, Хрватска и Албанија на следниот ...
Хавиер Солана не сака вето и ги повикува двете страни да продолжат да преговараат за името. Ваквата порака доаѓа непосредно по најавите дека ставот на македонската влада ќе биде многу потврд од очекуваното за предлозите на Нимиц.
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Брисел ќе се сретне со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер. Брисел, 27 февруари (МИА) - Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Брисел ...
Во време кога кулминира анти-македонската кампања спонзорирана од Грција, нова иницијатива за силна поддршка за влез на земјава во НАТО. Влијателниот сенатор Ричард Лугар поднесе резолуција во Американскиот сенат со која бара прием на Македонија, Албанија и Хрватска во алијансата на самитот во ...
Нацрт-резолуција за поддршка на Македонија, Хрватска и Албанија за влез во НАТО синоќа е поднесена во американскиот Сенат. Во документот, кој е доставен на разгледување и гласање во внатрешно-политичката комисија на Сенатот, се наведува дека САД треба да демонстрира лидерство и да поддржи испраќање ...
НА ПОКАНА ОД БРИСЕЛ Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Претседателот Црвенковски денеска ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оли Рен, а утре со високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна ...
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Брисел ќе ја искористи посетата на претседателот Бранко Црвенковски денес и утре за да го отвори прашањето на признавањето на Косово и иако официјално тоа е нешто за што и земјите-членки решаваат самостојно, јасно ќе му биде ставено до знаење во кој ...
Претседателот Бранко Црвенковски денеска ја почнува работната посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со високи претставници на ЕУ и на НАТО. Црвенковски ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оли Рен, како и со високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ...
Премиерот и министрите за одбрана и за надворешни работи велат дека државата ја заслужува поканата, бидејќи е подготвена за НАТО. Оценките на македонските власти се дека Македонија значајно придонесува за светскиот мир преку учество во неколкуте мировни мисии Македонија подготвена го чека април, ...
Европската унија и НАТО ќе ја преземат контролата врз цело Косово, изјавија вчера во Брисел, Солана и генералниот секретар на НАТО, Шефер. Одговарајќи на прашање на новинарите дали е загрижен од можноста за поделба на Косово, Солана одговори одречно. "Во принцип не сме загрижени.
Неизвесноста околу македонската покана за членство во НАТО се засилува, особено кога генералниот секретар, како во случајов денеска по разговорите со Солана, ја подгрева таа неизвесност. „Што е над можноста за покана? Запомнете, можноста за покана затоа што се уште не сме таму.
Македонија заслужува покана за НАТО, ова е пораката на државниот врв, пет седмици пред одржувањето на самитот на Алијансата во Букурешт. „Интеграцијата е наша инспирација, интеграцијата е потреба, интеграцијата е нов почеток, но и логична последица на постигнатиот успех“, изјави Груевски.
Генералниот секретар на НАТО во посета на седиштето на ЕУ, денеска со воздржани и умерени пораки за евентуалните покани за членство во Алијансата за трите кандидатки Хрватска, Македонија и Албанија. “Што е важно освен можноста, забележете го добро мојот збор – МОЖНОСТА за доделување покани - уште ...