Бејрут Границите со Сирија се строго набљудувани и не постои можност за доставување на оружје од оваа земја, соопштија денеска претставници на либанската армија. Демантот од либанските власти, следи откако минатата недела, израелскиот министер за одбрана Амир Перец, изјави дека израелските авиони ...
Извештаи од израелското разузнавање покажуваат дека Сирија го обновила илегалното доставување оружје за либанската екстремисткичка група Хезболах со што го прекршува меѓународното ембарго, пишува денеска израелскиот весник "Једиот ахронот".
Ерусалим Израел ќе одговори цврсто на секоја провокација на Хезболах, изјави висок претставник на Владата. „Ние ќе одговориме цврсто на секаква провокација на Хезболах“, предупреди синоќа израелскиот министер за одбрана Амир Перец, за време на посетата на една воена база.
Ерусалим Израел ќе продолжи да ја надлетува територијата на Либан, затоа што тоа е нужно за спречување на криумчарењето на оружје за Хезболах. Ова вчера го изјави израелскиот министер за одбрана Амир Перец за време на состанокот на израелската влада, додавајќи дека „Либанската влада не ги исполнува ...
Либанските војници од вчера почнаа да се распоредуваат во пограничните зони и демаркационата "сина линијаа, прв пат по 40 години, пренесува МИА. Израелската армија вчера се повлече од сите сектори по границата меѓу Либан и Израел.
ЗАРИТ, Израел, 2 октомври (Ројтерс) - Израелската војска вчера се повлече од јужен Либан без многу врева и го заврши предавањето на подрачјето на либанската војска и мировните сили на ОН според договорот за прекин на огнот кој стави крај на скапата војна со герилците на Хезболах.
ПО ДОАЃАЊЕТО НА МИРОВНИЦИТЕ Израелската армија вчера ги повлече последните свои војници од територија на јужен Либан, која Израелците ја окупираа за време на својата едномесечна војна со терористичката група Хезболах, јави новинската агенција АФП.
ЕРУСАЛИМ - Израел ги повлече и последните војници од Либан, исполнувајќи го на тој начин клучниот услов во договорот за прекин на огнот од страна на ОН со кој се заврши војната со Хезболах. Околу 200 војници по полноќ ја минаа израелската граница.
Либанската армија е подготвена да му возврати на Израел во случај на нова агресија во Либан, изјави главниот командант на либанската армија генерал Мишел Слејман, на церемонијата на издигнување на либанското знаме во Лабуне, во близина на израелско - либанската граница.
Израелската војска вчераутро се повлече од Јужен Либан, што е дел од мировната спогодба потпишана на 14 август, а со која треба да и се стави крај на едномесечната војна меѓу Израел и Хамас. Според планот на ОН, во Либан ќе се распоредат 15.000 "сини шлемови" и исто толку либански војници.