Мeксико Најмалку 18 лица загинаа во експлозија предизвикана од истекување на гас на нафтена платформа во Мексиканскиот залив. Според информациите, 61 од работниците се евакуирани, a седум се уште се водат за исчезнати. Вкупно 86 лица се наоѓале на платформата за време на експлозијата.
ИСТАНБУЛ - Едно лице загина, а две се повредени во вчерашната експлозија во турскиот град на Егејот, Измир, јавија телевизиските канали, а полицијата јави дека експлозијата била предизвикана од бомба поставена пред банка. Портпарол на полицијата претходно потврди дека двете лица биле повредени во ...
Едно лице загина, а шестмина се ранети вчера при експлозии на две бомби во турскиот град Измир, јави Ројтерс. Во градот вчера одекнале две експлозии. При првата, која одекнала кога бомба експлодирала во канта за ѓубре имало двајца ранети.
Киев Најмалку седум лица загинаа денеска во експлозија на гас, која делумно уништи станбена зграда во Дњипропетровск, град во источна Украина, соопшти Министерството за вонредни состојби. „Седум лица го загубија животот. Централниот дел на зградата е целосно урнат“, соопшти претставник на ...
Измир Две лица се ранети утринава кога бомба експлодираше во трговски центар во Измир, западна Турција, соопштија локалните власти. Експлозивот бил поставен во корпа за смет. ...
Измир Еден човек загина, а четворица се повредени во две одвоени експлозии во турскиот град Измир, јавија локалните медиуми. Две лица се повредени во експлозија на бомба поставена во корпа за смет пред трговски центар во Измир, а кратко по тоа едно лице загина, а други две се повредени во втора ...
Париз Најмалку едно лице загина, а 41 се ранети во експлозија предизвикана денеска од истекување на гас во париското предградие Бонди, соопштија француските пожарникарски служби. Според првичните информации, десет лица се здобиле со изгореници од висок степен.
Делхи Пет лица загинаа, а десетици се ранети во три експлозии во североисточниот дел на Индија, кои предизвикаа и пожар на гасовод, соопштија локалните власти. Експлозиите се случиле ноќеска а одговорноста за нив ја презела сепаратистичката организација Обединет ослободителен фронт Асам.
Париз Едно лице загина, а 46 се повредени во експлозија на гас, во која е уништен дел од ресторан во париското предградие Бонди, соопштија денеска пожарникарските служби. Експлозијата се случила синоќа, при што бил предизвикан пожар што го зафатил ресторанот и уште една зграда.