Исплата на грозјето во целост, цени повисоки за плус 2 денари за килограм, побара денеска регионалниот Сојуз „Агротиквешија“ во Кавадарци. Утре на протести пред Владата, исто како тутунарите; таму треба да ги бараме нашите права, порачаа од Сојузот.
Во обид да си ги добијат своите пари кавадаречките лозари се разединуваат. Едните петти ден протестираат пред Тиквеш, ќе останат таму и утре, решителни се бараат да им се исплати минатогодишната реколта. Во обид да си ги добијат своите пари кавадаречките лозари се разединуваат.
Од ниските температури и дополнителните нервози, по четиридневни протести, лозарите во кавадаречко почнаа да колабираат. Со солзи во очите, 80-годишниот дедо Ѓорѓи, преморен, побара столче за да седне, но не му дозволи обезбедувањето во „Тиквеш“. „Имам 80 години.
ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ СЕ СРЕТНА НАСАМО СО ЈАНЕВСКИ Премиерот Владо Бучковски вчера во хотелот "Холидеј ин" имаше полчасовна средба насамо со бизнисменот Свето Јаневски. Двајцата Охридска сала ја напуштија неволни да кажат за што разговарале.
ПРОТЕСТИ ВО КАВАДАРЦИ Блокадите и протестите во Кавадарци пред винарскиот комбинат „Тиквеш“ на повеќе од 1.000 производители на грозје вчера продолжија порадикално, откако главниот сопственик Светозар Јаневски им рекол на земјоделците дека „не разговара со уличари“, јави Македонското радио - Радио ...
Лозаропроизводителите се обидоа насилно да влезат во управната заграда на кавадаречкиот комбинат Капиите на визбата се блокирани со механизација, а членовите на Советот на општината ја прекинаа седницата и се вклучија во протестот Ангел Данов КАВАДАРЦИ - По соопштувањето на веста дека на вчерашната ...
РАСТЕ РЕВОЛТОТ ВО КАВАДАРЦИ Над 1.000 кавадаречки лозари вчера се обидоа насилно да влезат во административната зграда на "Тиквеш", но беа спречени од кордон полицајци и од градоначалникот Панчо Минов, кој беше тампон-зона помеѓу двете страни.
Револтот кај лозарите го достигна врвот. Утре ги продолжуваат протестите во Кавадарци, в понеделник се селат во Скопје пред Владата. Доста е велат од арогантното однесување и чекање. Си ги бараат парите кои како што велат со мака ги заработиле. Револтот кај лозарите го достигна врвот.
Нервозата кај тиквешките лозари, кои 6 месеци чекаат „Тиквеш“ да им ги даде парите, денеска кулминира. По тридневни протести, над 1000 лозари се обидоа насолнио да влезат во „Тиквеш“, револтирани од пораката на Свето Јаневски дека нема желба да преговара со уличари.
ПРОТЕСТИ НА ЛОЗАРИТЕ Неколку стотици лозари од Тиквешијата, кои протестираа вчера пред капијата на винарската визба „Тиквеш“, му поставија ултиматум на директорот на винаријата Свето Јаневски до денеска напладне да им даде точен датум од кога ќе почне исплатата на нивните пари за ланскиот откуп на ...
АКО НЕ ГИ ДОБИЈАТ ЛАНСКИТЕ ПАРИ ЗА ГРОЗЈЕТО И ДВА ДЕНАРА ПРЕМИЈА ПО КИЛОГРАМ Лозарите од Тиквешијата бараат исплата на грозјето од ланската реколта, 20 отсто поголема цена и плус два денара премија за секој откупен килограм. Тие најавија протести и блокади на патиштата за следната недела, а ако не ...
Незадоволство поради неисплатените пари за откупеното грозје Ангел Данов КАВАДАРЦИ - Лозарите од Кавадарци и понатаму се на нозе. Некои од нив пред винарската визба "Тиквеш" останаа и во текот на ноќта покрај распламтениот оган, а организаторот најавува дека тој продолжува и понатаму сў до ...
ПРИТИСОК ЗА ИСПЛАТА НА ГРОЗЈЕТО Кавадаречките лозари ги продолжија завчерашните протести пред "Тиквеш" и во текот на ноќта. Крај голем оган и со туршија го изразија незадоволството од тоа што се уште не им е платено грозјето и се заканија дека ќе го радикализираат протестот ако веднаш не добијат ...
Расте нервозата кај лозарите кои веќе трет ден ја блокираат винарската визба Тиквеш. И денеска останаа без одговор кога ќе ги добијат парите за предаденото грозје. Влезот на визбата повторно под силно полициско и приватно обезбедување.
По вчерашните протести, синоќа на температура од минус 9 степени, покрај оган, дел од лозарите останаа пред капиите на „Тиквеш“. Денес со ултиматум: Утре до пладне чекаат одговор на барањето: визбата веднаш да почне со исплата на парите од предаденото грозје, во спротивно, ќе следуваат порадикални ...
БЛОКАДА НА „ТИКВЕШ“ Повеќе од 1.000 лозари вчера протестираа пред капиите на винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци барајќи Свето Јаневски да им ги исплати тешко спечалените пари за грозјето. Револтирани од игнорантскиот однос на менаџерите на визбата, тие вчера најавија дека ќе протестираат пред ...
Лозаропроизводители од Тиквешијата бараат да им се исплатат парите Ангел Данов КАВАДАРЦИ - Над илјада лозаропроизводители од Тиквешијата, предводени од градоначалникот на Општина Кавадарци, Панчо Минов, и од советниците вчера протестираа пред винарската визба "Тиквеш".
ПРОТЕСТ ПРЕД "ТИКВЕШ" ВО КАВАДАРЦИ Околу 1.000 лозари од Тиквешко вчера протестираа пред винарската визба "Тиквеш" од Кавадарци, незадоволни поради неисплатеното грозје. Притоа настана мал инцидент, кога возач на цистерна на "Тиквеш" се обиде да мине со камионот низ масата народ, по што ...
И лозарите најавуваат протести пред Владата. Револтирани се зошто винарските визби не им ги исплаќаат парите од ланската реколта. Бараат и дополонителни два денари за килограм грозје и 20 отсто повисока цена. И лозарите најавуваат протести пред Владата.
Со пресна погача, со црвено вино и со режење на првата фиданка, лозарите од Тиквешијата го одбележаа празникот Св. Трифун. Дилемата, дали ќе има прослава, по повикот од регионалниот сојуз „Агротиквешија“ да се бојкотира манифестацијата, поради неплатеното грозје, се разреши рано наутро кога ...
Одработени, а неплатени повеќе од 10.000 евра чекам со месеци, се жали 74-годишниот лозар од Кавадарци Коле Колев, кој лани предал над 50 тони грозје во „Тиквеш“. Сиромаштија, што да ви кажам, полошо не може да биде. Ќе излезам в град, ќе си ги кажам маките со лозарите, но што фајде од тоа.
Градоначалникот Панчо Минов му постави ултиматум на Свето Јаневски Ако до среда не почне исплатата на откупеното грозје, ќе следуваат протести пред капиите на комбинатот Иво последното писмо од градоначалникот Панчо Минов упатено до првиот човек на винарската визба ”Тиквеш” не е даден прецизен ...
АКО ДО СРЕДА НЕ ПОЧНЕ ИСПЛАТАТА НА ЛАНСКОТО ГРОЗЈЕ Градоначалникот на Кавадарци Панчо Минов и неговите соработници ќе протестираат пред вратите на "Тиквеш" ако до среда винарската визба не почне да го исплаќа ланското грозје. Протестот ќе трае се додека кавадаречката визба не им плати на лозарите.