средба Претседателот Бранко Црвенковски и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, Марк Грифитс и Кевин Рос вчера заклучија дека Македонија треба да стави посебен акцент на реформите во здравствениот и во пензискиот сектор.
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Марк Грифитс и Кевин Рос, постојаниот претставник на ММФ во земјава. На средбата, како што е наведено во соопштението од Кабинетот на претседателот, шефот на мисијата ...
И ММФ ГО ПЛАШИ ИЗБОРНАТА 2006 Клучен услов за остварување на програмата за структурни реформи е да се обезбеди буџетски дефицит во 2006 од само 0,6 отсто, но тоа нема да биде лесно бидејќи следи изборна година, изјави шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, Марк Грифитс Уште една Мисија на ММФ ...
БУЏЕТ ЗА 2006 Дисциплина во одржувањето на стабилна монетарна и фискална 2006 година со дефицит од 0,6 отсто без притоа да се зголемат долговите е главната препорака што Марк Грифитс, шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, им ја пренесе на членовите на македонскиот тим во разговорите за ...
И В ГОДИНА Повеќе од две третини од буџетот за 2006 година ќе бидат потрошени за плати во јавната администрација и за социјални трансфери, а за капитални инвестиции се планирани само околу два отсто од БДП. Ова е буџетската рамка што неделава ја скроија министерот за финансии Никола Поповски и ...
Една милијарда 674 милиони евра изнесува буџетот за наредната година - договорена е буџетската политика со ММФ. Зголемените приходи во буџетот ќе се образложат со поголемо собирање даноци и со ново проектираната стапка на раст.
Ресорот здравство генерира долгови и тоа фрла сенка врз остварените резултати од реформите што се спроведуваат во рамки на аранжманот со ММФ. Иако беа дојдени за Буџетот, разгледувајќи ги постигнувањата од аранжманот монетарците од Вашингтон, пред заминување со нова опомена за овој сектор: Ресорот ...
ММФ ДАДЕ ВИЗА ЗА ЈАВНИТЕ ПРИХОДИ И РАСХОДИ Доколку се реализира програмата за структурни реформи ММФ предвидува поубави денови за Македпонија Фискалната политика под контрола, не премногу висок дефицит и економски раст како годинава се задачите кои монетарците и ги поставија на Македонија за ...
ММФ ПОРАЧУВА Построга контрола на буџетот и ниски дефицити е пораката што од Меѓународниот монетарен фонд до Владата ја носи Марк Грифитс, новиот шеф на Мисијата на ММФ за Македонија. Неговата порака е во пресрет на проекцијата на буџетот за 2006 година, пренесува МИА.
Со мисијата на ММФ со стариот и новиот шеф почнаа преговорите на македонските власти Монетарците сметаат дека за Македонија е најбитно да одржува низок буџетски дефицит и да води стабилна фискална политика како и досега НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Државата и в година ќе троши исто толку пари колку што ...
ММФ ПОРАЧА Државниот буџет за 2006 година треба да биде во истиот обем како и тековниот и да нема многу висок дефицит, порача вчера новиот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, Марк Грифитс, пред почетокот на неговите први преговори со министерот за финансии Никола Поповски.
Македонија идната година ќе троши онолку колку што трошела и годинава. За ММФ не е битна големината на буџетот туку дефицитот. Ова е пораката што вчера високите претставници од ММФ ја упатија пред стартот на ноемвриската рунда преговори со македонската Влада.
На стартот од новата рунда преговори меѓу Македонија и ММФ монетарците се оптимисти дека нема и во Скопје да им се повтори српското и романското сценарио. Владите на овие две земји го откачија Фондот поради несогласување за економската политика.
Марк Грифитс ја презеде од Франек Розвадовски преговарачката палка како шеф на мисијата на меѓународниот монетарен фонд во земјава. Тој доаѓа од местото член на мисијата на монетарците во Турција, а Розвадовски заминува повторно на шефовска позиција, сега на мисијата во Естонија.