Македонскиот претседател Борис Трајковски бил мета на бугарски атентатор кој во четврток вечер бил уапсен во близина на хотелот „Хилтон“ во Софија, каде што бил сместен дел од учесниците на самитот на 10-те земји кандидатки за членство во НАТО, пишува денеска софискиот весник „24 часа“.
Инцидент се случил денеска за време на излагањето на македонскиот претседател, Борис Трајковски, во Софија на самитот на шефови на држави или на влади на земјите - кандидатки за членство во НАТО од таканаречената „Вилнус-10“ група.
Македонскиот претседател Борис Трајковски, кој ќе ја предводи македонската државна делегација, треба да замине за Софија каде со неформален прием на бугарскиот претседател Петар Стојанов треба да биде означен почетокот на самитот на шефови на држави или влади на земјите кандидати за членство во ...