ДУИ се оградува од присуството на Фазли Велиу на вчерашните протести на Самоопределување во Приштина. Велат дека таквиот потег е во целост спротивен на политиката на партијата која го поддржува процесот што го води Марти Ахтисари.
Загреб Косово ќе биде независно до крајот на мај, а тоа ќе го овозможи нова резолуција што ќе се донесе за време на американското претседавање со Советот за безбедност, изјави косовскиот премиер Агим Чеку. Според Чеку, САД нема да ја пропуштаат приликата за време на нивното претседавање со СБ да го ...
Москва/Приштина Српскиот претседател Борис Тадиќ исклучи каква и да е можност од воена интервенција во случај на независност на Косово. „Немаме никакви воени планови. Таквиот приод само би го одалечило Косово од Србија, а ние немаме намера да се откажеме од нашата земја“, изјави Тадиќ во интервју ...
Косовската полиција попушти. По преговорите со претставниците на движењето „Самоопределување“, им дозволи да поминат кон посакуваниот пат. Но нивниот лидер Конјуфца, незадоволен, со спреј се обиде да ги исфарба полицајците на УНМИК.
КОСОВО Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ги повика граѓаните да бидат мирни пред новите протести на радикалното движење „Самоопределување“, кои се најавени за денеска во Приштина. На претходните протести на оваа група, предводена од активистот Албин Курти, двајца демонстранти беа убиени во ...
Виена, 3 март - Дијаметрално спротивните позиции на Белград и Приштина за статусот на Косово останаа и по завршувањето на последниот круг преговори во Виена, потврди вчера меѓународниот посредник Марти Ахтисари, кој додаде дека уште еднаш ќе ги повика двете страни да се изјаснат на 10 март во Виена.
ВИЕНА Виена - Претставниците на Србите и косовските Албанци останаа "дијаметрално спротиставени" за иднината на Косово, изјави вчера пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари по еднонеделните разговори за статусот на српската покраина што завршија во Виена.
Делегациите на Белград и на Приштина не отстапија од своите дијаметрално спротивставени ставови и не постигнаа договор за иднината на Косово, изјави посредникот Марти Ахтисари на крајот од еднонеделните преговори во Виена, јави МИА.
Протестите на радикалното движење „Самоопределување“ на Косово поминаа мирно - не се повтори сликата од минатиот месец кога во судир со полицијата двајца демонстранти го загубија животот. На граничните премини Блаце и Јажинце не е забележано организирано заминување на протестите на косово од ...
Лондон Иницијативата за дополнителни преговори меѓу Белград и Приштина е погрешна и таа значи обид да се одложи процесот. Ова во интервју за агенцијата Ројтерс го изјави меѓународниот посредник Марти Ахтисари, алудирајќи на барањата од Белград и од Москва.
Москва Русија смета дека е преурането за седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации(ОН) на тема Косово, соопштено е официјално во Москва. „Сметаме дека одлуката на специјалниот претставник на ОН за Косово да ги прекине преговорите и да го предаде својот план на Советот за безбедност, е ...
Приштина Повеќе од 1,500 членови и симпатизери на движењето „Самоопределување“ денеска во центарот на Приштина изразија незадоволство од предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Претставниците на движењето најавија дека протестите ќе бидат мирни, но, предупредија полициските кордони ...
Стразбур Европскиот парламент (ЕП) синоќа го поддржа предлогот за иднината на Косово што го презентираше специјалниот претставник на ООН Марти Ахтисари. ЕП, по неуспехот на преговорите меѓу Србите и косовскиот Албанци, истакнува дека “изнаоѓање решение за идниотстатус на Косово врз основа на ...
Москва Руската Дума се залага преговорите за Косово да продолжат и да траат колку што ќе биде потребно да се најде решение усогласено со српската позиција. Ова денеска го изјави претседателот на долниот дом на рускиот парламент Борис Гризлов, на средба во Москва со министерот за државна и локална ...
Приштина Косовското движење „Самоопределување“ денеска организира нови демонстрации во центарот на Приштина. Активистите на ова движење се противат на предлогот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Нивното барање е Косово веднаш да биде прогласено за независно.
По 10 март, Ахтисари конечната верзија на предлогот ќе ја испрати до Советот за безбедност на ОН каде ќе се донесе конечната одлука за статусот на Косово - Белград предложил спогодбата за примена на решението за идното уредување на покраината го потпиешат Србија и ОН.
Белград/Женева Марти Ахтисари предложи „апсурден план“ со кој косовските Албанци треба да се наградат со независност за кршење на човековите права на српската заедница. Ова го истакна шефот на српската дипломатија Вук Драшковиќ во обраќање на седницата на Советот на Обединетите нации (ОН) за ...
Виена/Белград Планот за Косово на меѓународниот посредник Марти Ахтисари во понеделник на 26.03.2007, ќе им биде предаден на членки на Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации (ОН). Ова денеска го потврди портпаролот на Ахтисари Реми Дурло, кој појасни дека тој ден не се планирани никакви ...
Белград и Приштина останаа на почетните, дијаметрално спротивставени позиции, изјави специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари на крајот од првата рунда преговори во Виена. Од 21 февруари до денеска претпладне, делегациите на Белград и Приштина ги изнесуваа своите забелешки на предлогот за ...
Српскиот национален совет на северно Косово најави нови протести против предлогот за статусот на Косово на специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари. „Никогаш нема да прифатиме наметнато решение за Косово и со сите легитимни средства ќе се бориме против планот на Ахтисари.
Мислења TОДОР АТАНАСОВСКИ Има повеќе причини Македонија да го поддржи предлогот на Ахтисари за Косово Во првиот дел од оваа анализа реков дека доминантно евроатлантската Алијанса повеќе од деценија и пол активно се занимава со југословенската и со балканската криза.
Координаторот на преговарачкиот тим, Слободан Самарџиќ, изјави дека Србија од 1999 година, па досега имала лошо искуство со заштитата на верските објекти Делегациите на Белград и на Приштина и прексиноќа не постигнаа договор за верското и културното наследство на Косово, иако се чинеше дека првпат ...
Претставниците на Србите и косовските Албанци останаа „дијаметрално спротиставени“ за иднината на Косово, изјави денеска пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари по еднонеделните разговори за статусот на српската покраина што завршија во Виена.
Вашингтон Косово самоиницијативно ќе прогласи независност ако Русија стави вето на новата резолуција во Советот за безбедност (СБ), а САД и ЕУ ќе мора итно да ја поддржат Приштина поради страв од нови судири. Ова е оценката на влијателниот американски аналитичар Мортон Абрамовиц, член на ...
Виена Едногодишните преговори меѓу Белград и Приштина околу предлогот на специјалниот претставник на ООН за Косово се завршени. Ова, синоќа во Виена, го изјави претставникот на Светската организација за косовскиот статус Марти Ахтисари, кој додаде дека до крајот на месецот, предлогот ќе го испрати ...
Варшава Полската влада денеска се изјасни дека го поддржува планот на Марти Ахтисари за Косови и ја повика Србија да се помири со реалноста. Полскиот заменик министерот за надворешни работи, Павел Ковал за локалните медиуми изјави дека Полска е против одлагање на статусот за Косово, како и дека е ...
Приштина Обновување на насилството на Косово ќе го загрози процесот на стекнување независност кон што неминовно води планот на Марти Ахтисари. Ова синоќа го изјави косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, алудирајќи на повторените демонстрации против планот на Ахтисари кои движењето „Самоопределување“ ...
Виена Дијаметрално спротивните позиции на Белград и Приштина за статусот на Косово останаа и по завршувањето на последниот круг преговори во Виена. Ова денеска го потврди меѓународниот посредник Марти Ахтисари, кој додаде дека уште еднаш ќе ги повика двете страни да се изјаснат на 10 март во Виена.
Виена Предлогот за идниот статус на Косово на специјалниот претставник на ООН Марти Ахтисари, кон крајот на март, ќе се претстави во Советот за безбедност (СБ), откако српските и косовските лидери не успеаја да постигнат компромис.
Брисел Европската унија (ЕУ) изработува планови за ангажирање на своја мисија на Косово што би требало да ја замени цивилната мисија на ООН. Ова, денеска, го јави агенцијата Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на содржината на доверлив план на ЕУ.
Њујорк Предлогот за идниот статус на Косово на специјалниот претставник на ООН Марти Ахтисари е доработен и “многу бргу“ ќе биде претставен во Советот за безбедност (СБ). Ова денеска го најави генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, додавајќи дека “е важно меѓународната заедница да не ја прекине ...
Приштина Српскиот национален совет на северно Косово најави нови протести против предлогот за статусот на Косово на специјалниот пратеник на Обединетите нации(ОН) Марти Ахтисари. „Никогаш нема да прифатиме наметнато решение за Косово и со сите легитимни средства ќе се бориме против планот на ...
КОСОВО Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е вознемирена затоа што никој не ги зема предвид ставовите на Белград при расправата за идниот статус на Косово. Според Лавров, меѓународниот пратеник Марти Ахтисари почнува од оценката дека Косово ќе стане независно.
Македонија не треба да го ограничи својот интерес за Косово само околу прашањето за обележување на границата „Наместо автобуси со демонстранти, подобро кон Косово да се упатат автобуси со експерти за реформи“, рече вчера во Скопје Торбјорн Солстром, претставник на Европската унија за Косово и шеф ...
Мислења TОДОР АТАНАСОВСКИ Дали е Косово српско-албанско прашање, а опкружувањето само сеирџии По долгото миксање, трпеливиот фински и светски дипломат Марти Ахтисари го претстави статусот на Косово. Солуцијата е дефинирана како привремена.
Мислења ЕРМИРА МЕХМЕТИ „Самоопределување" во Тетово и во Скопје не е добро за Косовците, но ниту за нас, Албанците во Македонија Косовското движење „Самоопределување“ најави нови протести против планот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово на 3 март.
Во Македонија ги правите реформите што во иднина ќе се спроведуваат на Косово и наместо луѓето да доаѓаат на демонстрации, би сакале да видиме автобуси со експерти во следните неколку месеци, порача вчера Торбјорн Солстром, меѓународен експерт од Приштина.
Претседателот на привремената влада на Косово Агим Чеку не ја предводи делегацијата на Приштина на преговорите за безбедносните прашања во Виена, затоа што на тоа се спротивставила српската страна, објави денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.
Бремен Шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија (ЕУ) поддржаа брзо усвојување на Резолуција во Обединетите нации (ОН) за статусот на Косово. Одлуката за поддршка следеше по 11-часовната расправа на денешниот неформален состанок во Бремен, откако претходно Грција, Шпанија и Словачка ...
Виена Финалните преговори за предлогот планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово започнаа денеска во Виена. На завршната рунда, како што е најавено, српската делегација ја предводат шефот на државата Борис Тадиќ, а косовската претседателот Фатмир Сејдиу.
Виена Преговорите меѓу Белград и Приштина за предлогот на специјалниот претставник на ООН Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, продолжуваат денеска во виенскиот конгресен центар Австрија. Двата тима, на вчерашните разговори за заштита на културното наследство, не успеаја да постигнат договор, ...
Бремен Европскиот комесар за проширување Оли Рен оцени дека е потребно да се одржи и зајакне единството на Европа за полесно да се усвои резолуцијата на ОН за Косово. „Ниту Русија, ниту САД се тие кои ќе ја платат цената ако дојде до нестабилност, туку Европа”, рече Рен пред почетокот на самитот на ...
Брисел Големите сили не би требало повеќе да го одложуваат решавањето на идниот статус на Косово по неуспешните преговори меѓу Белград и Приштина во Виена. Ова го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен, според кого предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти ...
Бремен Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) викендов ќе се обидат да ги усогласат ставовите по предлогот на Ахтисари за Косово. Тема на неформална средба во Бремен ќе биде политиката на ЕУ кон Србија, која под одредени услови во 2008.
Скопје Македонија го поддржува предлогот на специјалниот пратеник Ахтисари, како и единствениот став на ЕУ по прашањето за идниот статус на Косово. Ова денеска го изјави министерот за надворешна политика Антонио Милошоски, на неформалниот состанок на шефови на дипломатии на ЕУ и земјите кандидати ...
Бремен Дискусиите меѓу шефовите на дипломатиите на 27-те држави на ЕУ за Косово ги изнесоа на површина разликите меѓу нив за статусот на српската провинција, која бара независност. „Се појавија мали разлики”, изјави неименуван дипломатски извор за АФП.
Виена Косовската делегација на преговорите во Виена дојде да го заврши историскиот процес што ќе го одреди статусот на Косово, односно да прогласи независност на земјата. Ова денеска на преговорите за идниот статус на Косово го изјави косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.
Њујорк Независноста претставува суштинско прашање за Албанците на Косово и основа за стабилност на целиот регион. Ова доцна синоќа во Њујорк го изјави косовскиот претседател Фатмир Сејдиу на неформалната средба со амбасадорите на државите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Виена Неприфатлив за Србија е новиот предлог на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари, но Белград ќе се воздржи од употреба на сила. Ова, за време на денешните разговори за статусот на Косово во Виена, го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ.
Виена Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) Марти Ахтисари најави дека до крајот на март ќе го достави предлогот за статусот на Косово до Советот за безбедност на ОН. На денешната прес конференција во Виена, по завршувањето на последната рунда преговори меѓу делегациите на Белград и ...
Приштина/Њујорк Советот за безбедност на ОН да го забрза процесот во за утврдување на статусот на Косово, побара косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Тој ова барање го изнесе на средба со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки Мун, синоќа во Њујорк, соопшти кабинетот на Сејдиу.
Приштина Демонстрациите на повеќе стотици приврзаници на косовското движење „Самоопределување“ попладнето завршија без никакви инциденти. Учесниците на демонстрациите, како што јавуваат косовските медиуми, протестираа против предлогот за статусот на Косово, понуден од страна на специјалниот ...
Предлогот за статусот на Косово, специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Косово Марти Ахтисари, ќе го претстави на 10 март, во Виена. Според српскиот весник „Блиц“, на состанокот ќе присуствуваат и српски и косовски официјални претставници.
Демаркацијата на границата на Македонија кон Косово, ќе се реши во предвидениот рок. Партнери ќе бидат Скопје и Приштина, а во процесот ќе учествува и ЕУ. Ова го најави претставникот на нивната канцеларија во Косово, Торбјорн Солстром, на трибината во Скопје организирана од неделникот „Форум“.
ДИПЛОМАТСКАТА ВОЈНА СЕ ВЖЕШТУВА Европската Унија испрати остра порака до Русија да не се обидува да го попречи решавањето на статусот на Косово, велејќи дека со тоа може да предизвика хаос и нестабилност на Балканот и низ цела Европа.
Албанци од Македонија не треба да учествуваат на протестите на Самоопределување во Приштина – два дена пред најавените демонстрации кои минатиот пат завршија со две жртви, меѓународната заедница и косовските власти се во мисија овојпат да спречат насилство и масовност.
Вчера пред амбасадата на САД во Белград протестираа против планот на Ахтисари околу 15.000 лица од кои повеќето дојдоа со автобуси од Косово. Протестниот митинг кој беше во организација на Српскиот национален совет за Косово и Радикалната странка, имаше за цел на Европа и светот да им порача да не ...
Околу 15.000 Срби протестираа пред американската амбасада во Белград против планот на Ахтисари. Со паролите „Косово е душата на Србија“, тие бараа помош од Русија да го спречи усвојувањето на овој план во Советот за безбедност.
НАТО е подготвен да одговори на какво било насилство, кое никому нема да му помогне, а секако не на процесот за решавање на статусот на Косово. е пораката на Јап Де Хоп Шефер, генерален секретар на НАТО, на новинарско прашање дали знае за најавите на косовското радикално движење „Самоопределување“ ...
Пратеникот на Обединетите нации за статусот на Косово, Марти Ахтисари, ќе предложи „надгледувана независност“ за покраината, пишува српскиот весник „Блиц“. Белград, 27 февруари (МИА) - Пратеникот на Обединетите нации за статусот на Косово, Марти Ахтисари, ќе предложи надгледувана независност за ...
Радикалното косовско движење „самоопределување“, по најавите дека планира да се шири во Македонија и во пресрет на демонстрациите закажани за 3-ти март, доби предупредување од НАТО и од Европската унија - насилство нема да се толерира.
Српските училишта ќе имаат право да користат учебници од Република Србија, но ако косовското Министерство за образование има забелешки , независна комисија ќе ја прегледа содржината за да утврди дали таа е во согласност со законите Таинствените 12 анекси, кои всушност се суштината на предлогот на ...
Нашите политичари се едногласни - Македонија не смее да стане дел од косовскиот проблем . Никој не знае, а тие самите не кажуваат што им значи тоа „не смее“ кога радикалното движење „Самоопределување“ од Приштина најавува дека ќе отвори експозитури во Скопје и во Тетово, а вујко му на Али Ахмети со ...