Популарно наречениот "косовски синдром"(облик на малигни заболувања од осиромашен ураниум), зеде уште една жртва. Овојпат станува збор за Италијанецот Џовани Казели, професор на Универзитетот од Фиренца, кој како специјален пратеник престојуваше во Косово по бомбардирањето на НАТО, и директно бил ...
Веледрогеријата "Зегин" влетала во невиден скандал со хуманитарната помош за Јужна Азија, тврдат компетентни владини извори. Министерството за внатрешни работи, експерти од Бирото за лекови и од Царината вчера цел ден го расветлуваа случајот со пратката лекови за настраданите од цунами, а целото ...
Деновиве од Пореч, Хрватска, пристигна пријатна вест за признанието што го доби групата Teddy lion selection. Според информацијата што ја добивме од водачот на групата, Тодор Василев, кој е инаку по потекло од Виница, станува збор за добиено признание "Златна плоча" за продадени над 15.000 аудио ...
СОФИЈА, 19 ФЕВРУАРИ (МАКФАКС). - Странците добија право да купуваат земја во Бугарија, откако Парламентот во Софија со огромно мнозинство изгласа промени во Уставот на земјата. Уставните измени, поврзани со членството на Бугарија во Европската унија (ЕУ), ги поддржаа 225 пратеници, а против гласаа ...
Општина Карпош ја проддолжува големата кампања што ја почна пред две години, за поставување т.н. "легнати полицајци" на повеќе улици насловена како "Не побрзо од животот". Деновиве две нови сообраќајни препреки беа поставени на улицата "Есперанто", пред училиштето "Димо Хаџи Димов" во Влае, а еден ...
Нашиот минатогодишен евровизиски претставник, Тоше Проески со песната "Далеку од мене" го освои шестото место на неодамна одржаниот ОГАЕ Second Chance Contest ( www.sechuk.com ). На тој начин евровизиските фанови низ Европа им се придружија на оние што минатата година тврдеа дека Тоше имаше шанси ...
“Кока Кола фјузж” фестивал првпат беше организиран минатата година и покажа што значи да се организира успешен музички фестивал. Поттикнати од извонредното искуство минатата сезона овозможено од Кока кола, организаторите (дискотеката "Процес”" се подготвени да го повторат истото и тоа на повисоко ...
Ценејќи според бројот на земји кои не можат да ги посетат без виза, граѓаните на БиХ спаѓаат во категоријата најнепожелни странци во светот, а нивната татковина се повеќе личи на балканско гето. Дури 164 држави нема да ви дозволат влегување во земјата без виза, ако имате босанскохерцеговски пасош.
АНКАРА, 18 ФЕВРУАРИ (МИА). - Бугарија вложи официјална протесна нота до Турција, поради рекламниот спот за супи на турско-германската прехранбена индустрија "Бактат", објавува во вчерашниот број турскиот весник "Хуриет". Спотот што се емитува на турските телевизии, прикажува полицаец на "еден" ...
Бугарските власти не ја симнуваат тензијата околу откривањето на тутунскиот шверцерски канал, во кој главна дестинација е Македонија. По апсењето на главниот шверцерски ”бос” Иван Тодоров-Докторот, кој бил во наводно блиски релации со тамошниот министер за финансии Милан Влчев, Македонија упорно се ...
Вечерва од 21 часот во Универзална сала ќе се случува генералната проба за домашниот избор на песна за "Евровизија 2005", чие официјално издание ќе се случи на истото место утревечер. Во игра се двајца пејачи Александра Пилева и Мартин Вучиќ.
Пред десетина дена во Италија е направена анкета, која навистина донела спектакуларни и фрапантни резултати, откако мажите требале да одговорат на прашањето: Како би го поминале идеалниот викенд - возејќи го моделот на Ферари, "Теста Роса", или во друштво со американската старлета Памела Андерсон? ...
Вчераутро околу 9.05 часот непознат маж се јавил во УВР Битола и рекол дека во ЕМУЦ "Ѓорѓи Наумов" има подметнато бомба што требало секој момент да експлодира. Се заканил дека експлозивната направа ќе убие многу ученици. За мошне кус временски период овој средноучилишен образовен центар бил ...
Панмакедонската асоцијација во Соединетите Американски Држави, која го претставува грчкото лоби побарала од грчкиот амбасадор во Обединетите нации, Адамантиос Василакис, да не попушта во преговорите за разликата за името меѓу Скопје и Атина.
Со отвореното шампањско во авионот заврши македонската мисија- носење на Европрашалникот во Брисел. Тоше Проески го отвори шишето шампањско, подарок од МАТ за добро завршената работа. Се почестија сите по малку, колку за среќа.
На Центарот на Скопје може да му се случи нов случај "Лумикс". Според актуелниот Детален план за месноста Мал ринг, што не е изменет од 1996 година, на местото спроти палатата "Македонија", на аголот спроти кино "Култура" и улицата "Луј Пастер" има маркица за изградба на објект со станбено деловна ...
Словенија и Хрватска најдоа нова тема за конфронтации. Овојпат станува збор за "камионџиска војна" што почна пред една недела, а кулминира вчера со противмерката на хрватското Министерство за сообраќај. Тие ја известија Царинската управа на Словенија дека сега и словенечките автопревозници кои ...
Веќе стана мода, светските спортистки да бидат споредувани со ненадминатата поранешна руска тенисерка Ана Курникова, која отсекогаш повеќе се снаоѓала во маркетингот и шоу-бизнисот, отколку во спортот. Нормално, најпрво се компарира убавината, потоа спортските способности, а, секако, на крајот и ...
Во тек се договори меѓу "Фиат" и "Застава" за можноста италијанскиот модел "пунто" да се монтира во Крагуевац. Сите потребни делови за овој автомобил би се носеле од Италија, а готовите возила би излегувале од производствените ленти на "Застава" - изјави Зоран Михајловиќ, претседател на ...
Вештите лица од Министерството за внатрешни работи, коишто извршиле балистичко и хемиско вештачење, Горан Милошоски и Весна Антиќ, вчера дадоа изјави за случајот "Раштански лозја". Милошоски е балистичар и бил присутен на увидот што е извршен утрото по убиството на седумтемина Азијци.
Како што се интензивираат преговорите меѓу Владата и Меѓународниот монетарен фонд така се засилува конфронтацијата меѓу Владиниот експертски тим и потесниот круг на домашните водечки преговарачи. Ракавицата први ја фрлија трилингот Поповски-Гошев и премиерот Бучковски, односно според изјавата на ...
Кутри македонски жени?! Таман ќе помислат дека конечно се избориле за рамноправност со своите колеги, а веќе добиваат "по нос" со некое бесмислено правило или закон што, секако, е креиран без нивна консултација и тоа од кого се знае - од мажите.
Во Основниот суд Скопје 1 продолжи истрагата за обидот за изнуда на 60.000 евра од актуелниот пратеник во Собранието и кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. Неофицијално, судски извори велат дека во изјавите на сега притворените Наташа Петровска, Зоран Петковски и Роберт Алексовски ...
В петок "Синтезис" заминуваат во Шпанија на светски познатиот етно-фестивал во Бургос, град што е оддалечен 200 км од Мадрид. Фестивалот во Бургос е од ревијален карактер и на него се појавуваат најдобрите светски етно-бендови и пејачи.
Актуелниот шампион Арсенал влезе во историјата на англискиот фудбал како прв тим, кој не вклучи ниеден Англичанец меѓу првотимците за натпреварот од националното првенство. Во завчерашното лондонско дерби против месниот ривал Кристал Палас (5:1), менаџерот Арсен Венгер во тимот стави само "странци".
Околу педесетина тетовски студенти по медицина и стоматологија поднеле документи за трансфер на факултетите на скопскиот универзитет "Св.Кирил и Методиј". Но, уште во стартот се појавија практични проблеми од јазична природа.
Слободан Милошевиќ и Мирјана Марковиќ должат околу 400 000 динари (околу 5 000 евра) за струја потрошена во семејната куќа во Пожаревац, потврдуваат за "Курир" од "Електроморава". И покрај тоа што на обичните смртници им се "сече струја" за долгувања повисоки од 20 000 динари, луксузниот комплекс ...
На 47. доделување на американските музички награди "Греми", што во неделата се одржа во Лос Анџелес, на легендарниот Реј Чарлс, кој почина во јуни минатата година, постхумно му беа доделени осум "Греми" награди. Меѓу другото, награда е доделена и за албумот "Гениус Ловес Цомпанѕ" снимен неколку ...
Најновата тутунска афера која речиси едногласно ја пренесоа бугарските медуми каде што Македонија се лоцира како главна "перална" на пари од шверц на цигари, предизвика вистинска бура во јавноста како и во надлежните институции.
Дваесет и осумгодишниот Х.А. од Кондово е приведен во полициска станица поради тоа што во неделата попладнето, во Долно Свиларе, пукал во полицајци. Против него е поднесена кривична пријава за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, а истражниот судија со решение му определил мерка ...
Нападите на изборните штабови на СДСМ и на ДРУМ не можат да го нарушат процесот за избор на новата локална самоуправа, е заедничкиот став на партиите од власта и опозицијата. Демолирањето на партиските штабови се маркетиншки обид на владеачките партии за подигнување на тензијата пред изборите, ...
Со свечена литургија и традиционално закројување на лозјата, вчера во скопското село Кучково беше одбележан големиот христијански празник Свети Трифун. По повод празникот, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, ја освети неодамна реконструираната црква посветена на светецот - заштитник на лозарите и ...
Секое четврто боледување, што е издадено за грип, е лажно, тврдат матичните лекари во главниот град на Бугарија. Според тоа, 25 отсто од заболените, кои, секако, придонеле за прогласување на епидемијата, лежат дома и се одмораат од "напорната работа", без пред тоа да отидат на лекар.
Настапот во дресот на Барселона, дома, во првенството на Шпанија, на мечот од 21. коло против Форум Ваљадолид (82:65) долго ќе остане во сеќавање на нашиот кошаркар интернационалец Владо Илиевски. Во улога на стартер Владо мина на паркетот 29,17 минути и притоа ги "отепа" соиграчите со топки.
Два од четирите најатрактивни локали на надвозникот "Влајко", беа продадени по почетната цена од 1.000 евра по квадрат, на усно јавно наддавање што се одржа вчера, во просториите на Општина Карпош. На лицитацијата, со уплатен депозит за право на учество беа пријавени четворица заинтересирани, но ...
Сопственик на агенција за обезбедување имот и лица, четириесет и двегодишниот З.П. и двајца новинари, Н.П. (28) и Р.А. (37), се уапсени при обид од Трифун Костовски да изнудат 60.000 евра. Обидот останал нереализиран откако тројцата во саботата попладнето се уапсени во пицерија во Лептокарија. З.П.
ШТИП.- Не само во средното текстилно училиште, каде се исклучени 11 ученици, туку и во ЕМУЦ "Никола Нахтенин" и Средното медицинско училиште "Јане Сандански" има исклучувања. Во ЕМУЦ се исклучени 18, а во медицинското двајца ученици. И сите поради поголемо отсуства од наставата.
Не е лошо да се потсетиме на случката од почетокот на 2002 година, кога три романски гимнастичарки, Корина Унгуреану, Лавиниа Милошовичи и Клаудија Пресечан направија преседан во спортот. Имено, тие во Јапонија снимија ДВД со наслов "Златни птици", во кое ги изведуваа гимнастичките вежби наполно ...
Поранешниот тенисер и трикратен освојувач на Вимблдон, Германецот Борис Бекер, откако престана да игра тенис, се чини, уште повеќе е во фокусот на јавноста. Повеќе по скандалите и по многубројните љубовни врски, отколку по нешто друго.
Горан Бреговиќ и повторно собраната група "Бјело Дугме" можно е да гостуваат во Скопје. Нивното евентуално пристигнување и голем концерт во нашата метропола би се случил во јуни, за време на нивната турнеја каде покрај Македонија, ќе ја посетат и Хрватска, Босна.
"Ванче Шиков е новата македонска фудбалска ѕвезда", велат европските фудбалски стручњаци. Овој 19-годишен дефанзивен фудбалер на Ксанти, по вторпат сезонава, излегува на крај со Ривалдо, Џовани и останатите ѕвезди на лидерот на табелата во Грција, Олимпијакос.
Со новите ингеренции, јас на овие избори од граѓаните, всушност, барам прв мандат, рече градоначалникот Ристо Пенов на вчерашната промоција на изборниот штаб, што на некој начин беше и отчет за сработеното во претходните два мандати.
Битолскиот центар "Сју Рајдер" ќе ги отвори вратите за пациентите пред официјалниот старт на кампањата за локалните избори или најдоцна до крајот на месецов. Специјализираната установа за нега на пациентите во терминална фаза од болеста и за палијативна нега не работеше, иако во мандатот на ...
Вчера во хотелот "Македонија" во Тетово се одржа основачко собрание, на т.н., "Економски круг на Северозападна Македонија" со 280 претставници на фирми и бизнисмени од Тетово, Скопје, Гостивар, Дебар и други места. Привремениот претседател, Џемали Даути, ни изјави дека за наредните шесет месеци ќе ...
На интернет веќе неколку дена кружи "геј именик", база на податоци со телефонски броеви и описи на стотина хомосексуалци, составена без нивно знаење. Во именикот, кој очигледно го составиле упатени лица од геј-сцената, детаљно се опишани лицата хомосексуалци од Хрватска, а можат да се прочитаат и ...
Кутиите со 14 илјади страници со одговори на Европрашалникот денеска ќе се предадат на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Токму од денеска започнува периодот на чекање, а и одмор за македонските институции по неколкумесечните одговарања на обемниот материјал.
Цигари во вредност од стотици милиони долари се прошверцувани од Бугарија во Македонија во периодот од 1997 до 2003 година, јавија бугарските медиуми. Според софискиот обвинител Бојко Најденов, аферата почнала во 1997 година, кога започнал транзитот на цигарите.