Според пратеникот на просперитет, Исмет Рамадани >„Пет илјади лица кои живеат во Македонија и имаат стан или куќа со пријавена адреса, веќе десет години, поради опструкции и бирократизам, не можат да добијат државјански статус.
министерството за внатрешни работи ГО ПОЈАСНУВА ЗАКОНОТ Во МВР тврдат дека немало голем интерес за македонско државјанство и дека бројките од стотици илјади кандидати за нови државјани, главно Албанци, биле нереални Новиот закон за државјанство се носи поради усогласување со европската конвенција ...
СПОРЕД ОПОЗИЦИЈАТА ДУИ ќе ја растури коалицијата ако не бидат усвоени измените на законот за државјанство, смета опозицијата Партијата на Али Ахмети се заканува дека ќе ја растури владината коалиција ако не бидат усвоени новите предлози за добивање македонско државјанство, тврдат извори во ...
КОМИСИЈА Парламентарната комисија за одбрана и безбедност, по подолга расправа вчера ги одби измените и дополнувањата во Законот за државјанство поднесени од пратеникот Исмет Рамадани од ПДП. Во зависност од етничката припадност дел од пратениците имаа забелешки на предлозите на Рамадани, а дел беа ...
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и на ЛП сметаат дека владиниот предлог за измени на Законот за државјанство со кој цензусот се намалува од досегашните 15 на 8 години треба да почека до официјалните резултати од пописот. Опозицијата смета дека лицата кои со измените ќе добијат македонско државјанство ...
Измените во Законот за државјанство се резултат на меѓу-партиски пазарења Борис Георгиевски Владата при утврдувањето на измените во Законот за државјанство не ги прифатила предлозите на експертите, според кои условот за стекнување македонско државјанство треба да се намали од 15 на 10 години ...
Владата ги утврди измените во Законот за државјанство Владата вчера ги утврди измените на Законот за државјанство, според кои условот за стекнување македонско државјанство се намалува од 15 на 8 години непрекинат престој во државава.
Ако измените кои денеска ги усвои Владата поминат и во Собранието, тогаш 8 години постојан и законски престој на странец во државава ќе бидат доволни за добивање државјанство на Република Македонија со редовна натурализација. Актуелното законско решение предвидува рок од 15 години.