Македонскиот претседател Борис Трајковски денеска во протоколарна проштална посета ќе ги прими високиот цивилен претставник на НАТО во Македонија, амбасадорот Ханс Јорг Ајф. На средбата ќе се претстави неговиот заменик амбасадорот Клаус Фолерс, соопшти кабинетот на претседателот Трајковски.
Македонскиот министер за надворшени работи Илинка Митрева денеска во Скопје имаше протоколарна, проштална средба со високот цивилен претставник на НАТО во Македонија, амбасадорот Ханс Jорг Ајф. На оваа средба на која присуствуваше и новиот цивилен претставник на Алијансата во Македонија, ...