Се стравува дека во Ирак се киднапирани двајца пакистански државјани, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Пакистан. „Се обидуваме да дознаеме детали. Стравуваме дека тие се киднапирани“, рече портпаролот Масуд Кан.
Група која се претстави како европско крило на организацијата Ал Каеда се закани со напади во Австралија и Италија доколку нивните војници не се повлечат од Ирак. Во соопштението потпишано од „Исламска Тавхид група, Ал Каеда, Европа“ објавено на еден веб сајт, се наведува дека двете земји ќе бидат ...
Еден американски војниз загина и еден е повреден во експлозија на бомба поставена на еден пат во северен Ирак, соопшти денеска американската команда. Војниците се наоѓале во конвој кој обезбедувал цистерни со нафта. Портпаролот на армијата наредник Роберт Пауел рече дека бомбата експлодирала вчера ...
Австралија нема да попушти пред заканите на исламистичката радикална група „Исламски ал-Тавид“ која најави серија атентати доколку австралиската Влада не ги повлече своите војници од Ирак, изјави денеска шефот на австралиската дипломатија Александар Даунер.
Пакистан им соопшти на Обединетите Нации дека ќе испрати војници во Ирак „само ако го замоли ирачката Влада, ако други муслимански земји исто така испратат свои контингенти и ако пакистанскиот Парламент го одобри тоа“. Пакистанскиот министер за информирање и медиуми Рашид Ахмед денеска изјави дека ...
Киднаперите на седуммината странски државјани, кои беа задржани во Ирак, го продолжија ултиматумот за ослободување на сите Ирачани затворени во кувајтските и американските затвори за уште 48 часа, по што, како што најавија, ќе им ги отсечат главите на заложници.
Еден американски маринец им подлегна утрово на повредите здобиени при борби западно од Багдад, соопшти Командата на силите на САД во Ирак. Со оваа последна жртва, бројот на загинатите американски војници при судири од почетокот на војната во во Ирак се искачи на 666.
Локален поп предизвика паника во бугарското градче Златоград кога се претставил како член на терористичката мрежа Ал Каеда и се заканил дека ќе изврши напад во кој ќе загинат многу луѓе. Како што објавува во денешниот број софискиот весник „Монитор“, свештеникот Емил Лилов се јавил по телефон во ...
Русија е подготвена да помогне во обновата на Ирак, но одбива да испрати војници во земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари. „Москва не го разгледува прашањето за испраќање руски воници во Ирак“, истакна ...
ПО ТЕРОРИСТИЧКИТЕ ЗАКАНИ Бугарските разузнавачки служби потврдуваат дека на Балканот има припадници на терористичката група Ал Тавхид, која се закани со напади врз Бугарија и Полска. Според шефот на бугарската Разузнавачка служба генералот Кирчо Киров, оваа група во изминатите години била активна ...
РУСКИ ФУНКЦИОНЕР ТВРДИ Вашингтон го крие вистинскиот број на американските и на војниците од коалицијата кои загинале во Ирак, изјави анонимен руски функционер, јави МИА. Според коалициските сили, од 20 март лани, па до 27 јуни годинава во Ирак загинале 870 американски војници, а 530 се повредени.
РАЗУЗНАВАЧkиte служби ПРЕДУПРЕДУВААТ Шансите за изведување терористички напади врз САД сега се многу помали во споредба со периодот по 11 септември 2001 година, но терористичката мрежа Ал каеда се уште е сериозна закана за земјата, соопшти американската Централна разузнавачка служба, јави МИА.
БАГДАД, 23 јули (Ројтерс) - Сместени во темна просторија, седуммина стански возачи на камиони молеле за своите животи на видео-снимката што ја направиле милитантите кои ги држат како заложници во Ирак, а напнатоста попуштила кога еден од нив, египетски државјанин, го разуверил своето семество да не ...
НОВА ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА Ирачката терористичка група „Црни знамиња“ киднапирала тројца Индијци, тројца Кенијци и еден Египќанец, сите вработени како камионџии за кувајтска компанија. Телевизискиот канал „Ал Арабија њуз“ завчера емитуваше снимка на која терористите се закануваат дека ќе ги ликвидира ...
Дипломатска борба за животи во Ирак БАГДАД - Дипломатите во Багдад вчера се обидуваа да издејствуваат ослободување на тројца заложници од Индија, двајца од Кенија и еден од Египет откако нивните грабнувачи се заканија дека ќе ги обезглават доколку нивниот работдавец не се повлече од Ирак.
Деветстотини американски војници досега загинаа во Ирак БАГДАД - Војник на Првата пешадиска дивизија вчера стана 900-тата жртва од редовите на американските воени сили во Ирак, од почетокот на војната во март 2003 година. Војникот загина од експлозија на бомба на пат додека беше во патрола во ...
СТРАТЕГИЈА НА БУНТОВНИЦИТЕ Ирачка милитантна група завчера киднапира двајца кениски, тројца индиски и еден египетски државјанин и се закани дека ќе им ги исече главите ако фирмите за кои тие работат не се повлечат од Ирак, јави МИА.
Австралија влегла во војна против Ирак врз основа на оскудни, двосмислени и непотврдени информации на разузнавачките служби дека Ирак поседува оружје за масовно уништување, заклучи независната истражна комисија предводена од поранешниот дипломат Филип Флад.
Филипинскиот заложник Анџело де ле Круз, кој 17 дена беше во рацете на исламистичките грабнувачи во Ирак, кои се закануваа дека ќе му ја отсечат главата ако неговата земја не ги повлече војниците од мировната мисија, денеска се врати на Филипините.
Шефовите на дипломатиите на земјите - соседи на Ирак, што се собраа вчера во Каиро, прв пат од предавањето на власта на времената ирачка влада, изразија неспокојство поради нестабилната безбедносна ситуација во земјата и ја потенциираа неопходноста од немешање во внатрешните работи на Ирак.
Неколку земји од меѓународната коалиција во Ирак од минатата година до денеска добија закани за терористички напади на Ал Каеда или милитантни ирачки групи: 16 мај 2003 гдина - Министерот за национална безбедност на Кенија соопшти дека Ал Каеда се заканила со напад на авионите на „Бритиш Ервејс“ ...
„Индија ќе стори се за да ги ослободи тројцата свои државјани, киднапирани во Ирак. Штом разбравме за грабнувањето веднаш воспоставивме контакт со нашата амбасада во Багдад, како и со амбасадорот во Кувајт, и побаравме тој да разговара со превозното претпријатие, на чие повлекување од Ирак ...
ДУБАИ, 22 јули (Ројтерс) - Една група која тврди дека е европското крило на Ал Каеда вчера им се закани на Бугарија и Полска со напади ако не ги повлечат своите војници од Ирак. Во заканата од оваа непозната група, која била пуштена на една веб-страница што обично не ја користат милитантите, се ...
Британија и натаму се бранува со истрагата на лорд Батлер за Ирак Педесет и пет отсто од Британците сметаат дека Тони Блер не ја кажал вистината за војната во Ирак Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Британскиот премиер Тони Блер успеа некако да ја преживее минатата недела во која беше ...
НА ИСЛАМИСТИЧКА ЕЛЕКТРОНСКА СТРАНИЦА Од бугарската влада, која е сојузник на Американците, последен пат бараме да ги повлечат војниците од Ирак. Ако не не послушаат низ Бугарија ќе потече крв - се вели во соопштението Исламската група Тавхид, која се претставува како европски разгранок на Ал каеда, ...
Најмалку 10 лица загинаа во судирите меѓу бунтовниците и американски војнци во Ирак, соопшти денеска Командата на силите на САД во Багдад. Во жестоките судири меѓу американската војска и бунтовниците во близина на северниот град Самара доцна синоќа загинаа седум Ирачани, соопшти американската ...
Британскиот премиер Тони Блер ги отфрли тврдењата дека ја изманипулирал британската јавност во врска со ирачкото оружје за масовно уништување, со тоа што инсистирал дека разузнавачките информации укажуваат дека системот на Садам Хусеин претставува закана.
Досега непозната исламска група Тавхид, која се претставува како европски огранок на Ал Каеда, во соопштение објавено денеска на Интернет им се закани со смртоносни напади на Бугарија и на Полска доколку не ги повлечат војниците од Ирак.
ДУБАИ, 21 јули (Ројтерс) - Ирак е подготвен да им се одмазди на државите кои ги обвинува дека го поддржуваат насилството што ја уништува државата, предупреди вчера ирачкиот министер за одбрана. Хазим ал-Шалан не спомена ни една земја по име, но го обвини стариот непријател Иран дека отворено се ...
ЛОНДОН, 21 јули (АП) - Поранешен претставник на британското разунавање вчера соопшти дека Ирак не претставувал голема закана, спротивно на тврдењата на премиерот Тони Блер пред почетокот на војната. Брајан Џонс, кој до лани беше висок службеник во Британското разузнавање, ги негираше тврдењата на ...
ОТКАКО ПОПУШТИЈА ВЛАСТИТЕ ВО МАНИЛА Ирачките исламисти вчера го ослободија Анхел де ла Круз (46), филипинскиот камионџија што беше грабнат во почетокот на јули. Де ла Круз е ослободен откако филипинската Влада реши да ги послуша барањата на исламистите и да ги повлече своите педесетина војници и ...
ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ФИЛИПИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ОД ИРАК Киднаперите вчера изутрината го оставија филипинскиот возач пред вратата на амбасадата на Обединетите арапски емирати во Багдад, која подоцна го префрли во филипинската амбасада Ирачките киднапери вчера го ослободија киднапираниот филипински возач на ...
Официјална Москва демантираше денеска дека планира да испрати околу 40.000 руски војници во Ирак. „Нема никави планови за испраќање наши војници во Ирак“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Кремљ. Изјавата на рускиот владин претставник е реакција на тврдењето на ...
Повеќе од половината британски граѓани мислат дека премиерот Тони Блер не ја кажал правата вистина за војната во Ирак, но во исто време сметаат дека насилното соборување на режимот на Садам Хусеин било оправдано. Резултатите од најновото истражување на јавното мислење, што ги објави весникот ...
Ирачките бунтовници денеска го ослободија филипинскиот заложник, јави телевизијата Ал Арабија повикувајќи се на извори во ирачкиот национален конгрес. Заложникот е ослободен еден ден откако филипинските власти го повлекоа и последниот војник од Ирак, еден месец пред предвидениот рок.
Пред да ја почнат војната во Ирак, на американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер требаше да им е јасно дека разузнавачките информации не се доволни и не ја докажуваат воената закана на Садам Хусеин за Западот.
ЗАКАНИ ОД ИСЛАМИСТИТЕ Ал каеда преку интернет-страница им порача на Италијанците да се повлечат од Ирак и да си го сменат премиерот Силвио Берлускони, а во спротивно ќе се соочат со низа напади со автомобили-бомби. - О, Италијански народе.
ТЕХЕРАН (Ројтерс) - Иран вчера призна дека постои можност некои од членовите на Ал-Каеда вмешани во нападите на 11 септември во САД непосредно пред тоа да поминале низ земјата. Извори на американската влада велат дека извештајот на двопартиската комисија неделава во врска со 11 септември ќе спомне ...