Речник |  ТВ Програма |  Блог |  Едукација

Како работи TIME.mk?


Вовед

Интернетот ги раскина бариерите што постоеја меѓу луѓето и информациите, ефикасно демократизирајќи го пристапот до човековото знаење. Никаде ова не е повеќе очигледно одколку во светот на вестите.

Во TIME.mk веруваме дека под повеќе информации се подразбира поголем избор, поголема слобода и во крајна линија поголема моќ за луѓето. TIME.mk е наш обид корисниците да ги поврземе со што повеќе вести кои се од нивен интерес. Тоа значи прикажување на најбитните вести на нашата насловна страница, така што корисниците не треба да лутаат за да дојдат до нив.

Со поврзувањето на илјадници луѓе со вести од сите релевантни медиуми во Македонија, TIME.mk многу им олеснува на своите корисници да ги следат акутелните случувања од различни перспективи, и да бараат повеќе информации во врска со прашањата кои се од нивен интерес.

Клуч на овој проект е почитувањето на авторските права. TIME.mk никогаш не прикажува повеќе од насловот, еден фрагмент и мала слика од веста. Ако луѓето сакаат да ја прочитаат целата вест, тие треба да кликнат на насловот кој ги носи на оргиналниот веб сајт и таму ја читаа целата вест. TIME.mk е сличен на Google пребарувачот во кој се собираат сите информации публикувани на интернет, се создава индекс на тие податоци, и се обслужуваат преку едноставен веб интерфејс.

Наша цел е на корисниците да им дадеме релевантни и објективни резултати, па затоа нашите топ вести ги селектираме автоматски, со компјутерски алгоритам, без човечка интервенција.

TIME.mk моментално вклучува статии од повеќе од 60 извори на вести, и секој ден добиваме се повеќе барања за вклучување во нашиот индекс.

Веруваме дека ваквите агрегатори на вести се од вистинската корист и за изворите на вести, бидејќи агрегаторите носат интернет сообраќај на нивните страници. Со собирање на вестите од повеќе извори на едно место, TIME.mk читањето на вести го прави попристапно и поинтересно, ги охрабрува луѓето да читаат повеќе, а корист има и издавачка индустрија во целина.

Како работи TIME.mk?

TIME.mk ги организира вестите, така што вестите од различни извори за еден ист настан се појавуваат во една група. Ние ова го нарекуваме "кластер."

Овој пристап ги групира насловите од различни извори заедно, со што им обезбедува на корисниците различни перспективи за некој настан. Со кликнивање на линкот "поврзани вести" можете да ги видите сите објавени вести за дадениот настан.

Издавачите често не прашуваат како одлучуваме кој кластер и кој вид на вести да се појавува на почетната страница на TIME.mk.

Краток одговор би бил: Ние не одлучуваме.

Насловите на почетната страница на TIME.mk целосно се избираат од страна на компјутерска формула, врз основа на повеќе фактори, вклучувајќи колку често и на кои сајтови приказната се појавува. Во суштина, ние го пресметуваме бројот на оригинални статии кои се публикувани од уредниците со цел да се одреди големината на една таква приказна, чија тежина исто така се пресметува и врз основа на тоа колку таа приказна е нова.

Да речеме, на пример, дека во период од еден саат TIME.mk регистрирал кластер од две вести за еден сумо натпревар во Јапонија, но исто така се појавува и кластер за преговорите на ЕУ со Косово, кој има 20 вести. Алгоритмот детектира дека тој е поголем и дава мислење дека вториот кластер има поголем приоритет.

Колку често се освежуваат страниците на TIME.mk?

Страниците на TIME.mk се освежуваат 144 пати во текот на денот, или на секои 10 минути,
така да тука на едно место секогаш можете да ги најдете најпопуларните вести.

Што допринесува TIME.mk за македонскиот интернет простор?

Вистинска демократија во процесот на одредување ТОП ВЕСТИ на денот.
Исто така, групирањето на вестите овозможува корисниците да го променат класичното

пасивно однесување, од:
  1. избор на извор на вести
  2. читање на вестите кои ги нуди изворот
во поактивно читање:
  1. избор на приказна (кластер од поврзани вести)
  2. истражување на разни перспективи на приказната
    која ја нудат различни извори на веста.
Содржина на вестите на TIME.mk

Статиите и сликите кои ќе ги најдете на TIME.mk се објавени од трети страни.

TIME.mk нема уредници, нема новинари, нема персонал кои пишуваат или прегледуваат вести. TIME.mk не создава наслови или било кој друг дел од една статија.

Целиот процес е автоматизиран кој го извршува компјутер. Од читање на вестите, нивна анализа, групирање, одредување на ТОП ВЕСТИ до нивно прикажување.

Во целиот процес нема никаква човечка интервенција !!!.

Ако сакате да испратите повратни информации за една статија што сте ја виделе на TIME.mk, ќе мора директно да се поврзете со изворот на веста.

Ако некој извор на вести избрише статија од својата интернет страница, или пак изворот на вест воопшто не работи во одреден период, ќе добиете грешка по кликнувањето на линкот на TIME.mk. Ние се извинуваме за сите непријатности. Ве молиме бидете сигурни дека работиме на тоа да се подобри нашата технологија. Во меѓувреме, ве охрабруваме да барате вести на истата тема, со читање поврзани вести од истиот кластер.

TIME.mk е составен исклучиво од компјутерски алгоритми. Како резултат на тоа, повремено може да видите слика која се појавува надвор од контекст. Ние постојано работиме на подобрување на нашите алгоритми за автоматски избор на слика.

Исто така, сите грешки во текстовите што ќе се појават на TIME.mk, се одговорност на изворите, па дури и ако изворот ја исправи грешката на својата страница. (Ние ги превземаме вестите најчесто само еднаш, а потоа продолжуваме да превземаме нови вести.)

Контакт

ТIME.mk е бесплатен продукт кој е дизајниран (софтвер) и имплементиран од Игор Трајковски (ex-Googler). Во развојот, промоција и поддршка на сајтот имаат допринесено Никола Постолов, Даниел Смилков, Мартин Савески, Каролина Смилевска, Владимир Радевски, Душко Јордановски и многу други симпатизери (many thanks). Приказот на вестите е инспириран од страницата news.google.com .

ТIME.mk in the news:
Дневните вести секогаш на дофат - Време (17 Декември 2008)
Човекот што го преслика „Гугл“ во Македонија - Нова Македонија (20 Септември 2008)

ТIME.mk континуирано е во развојна фаза. Секаква идеја, забелешка или коментар се добродојдени и можете да ги пратите на: admin AT time DOT mk

Статистики
  • TIME.mk секој ден анализира околу 7500 вести кои се наоѓаат на веб страниците на 75 извори (тука не се вклучени нивните архиви).
  • Од вкупно 7500 вести, нови (објавени во тековниот ден) се околу 2000 (освен во недела),
    а останатите се од претходните денови.
  • Од 2000 дневни вести, околу 300 се дупликати, т.е. за секоја од тие 300 вести постои вест во останатите 1700 која е скоро идентична. Тоа значи дека повеќе од 15% од дневните вести се превземаат од некој извор и непроменети се проследуваат.
  • TIME.mk не користи никаков комерцијален или бесплатен софтвер.
    Не користи ниту релациони БАЗИ !!!
    За изработка на ваква страница доволна ви е само една алатка Python и солидно познавање на Cluster analysis.
  • TIME.mk јавно постои од 1 Јули 2008.
Како TIME.mk ги "разбира" и групира вестите