На 11.03.2015 Time.mk достигна скоро 7М (6.972.522) посети (visits) и 17.290.000 милиони прегледи (pageviews) на месечно ниво .
Исто така, бројот на читатели (поточно, прелистувачи) на месечно ниво е пораснат на 634.000.
Подолу се дадени и неколку други статистики за посетеноста на Time.mk.
Тука (
Мај 2014) можете да ги погледнете истите статистики од Мај 2014.
Може да се забележи дека постои раст во бројот на посети за 35%, и раст од 43% во бројот на прикажани страници.
Најголем раст од дури 70% има во бројот на посети на мобилната верзија. Бројот на прикажани страници
на мобилната верзија е пораснат за 83%, од 3М на 5.5М pageviews / month.
Во однос на бројот на посети во Мај 2014та мобилната верзија остварила 19.6% од сите посети, а десктоп верзијата 80.4%.
Во Феб/Март 2015 мобилната верзија остварила 24.4%, а десктоп верзијата 75.6%.
* Сите статистики се за периодот од 9 Февруари 2015 до 11 Март 2015 (вкупно 31 ден) генерирани од Google Analytics, само за македонската верзија на Time.mk
Ви благодариме на довербата,
Time.mk, 12 Март 2015